• 2019 27 Август
    Соопштенија Известување за неработен ден - 28 август Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

Почитувани,

Согласно информацијата од Министерството за труд и социјална политика и согласно Законот за празниците на РСМ (“Службен весник на РСМ”, бр.21/98 и 18/07), 28 август 2019 година (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Северна Македонија.

Банката нема да работи утре (среда), 28 август 2019 година.

Истовремено, Шпаркасе Банка им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) на граѓаните од православна верисповед.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија