• 2019 25 Октомври
    Соопштенија Биди и ти дел од „Најдобрите на Југоистокот!"

Биди и ти дел од „Најдобрите на Југоистокот!”

Конкурс за доделување стипендии, обуки и практика во Грац, Австрија, за 2020/2021 на Шпаркасе Банка Македонија

 

Почитувани,

Шпаркасе Банка Македонија и годинава продолжува со проектот „Најдобрите од Југоистокот“, програма наменета за студентите од Северна Македонија. Со програмата, Шпаркасе Банка им нуди можност на студентите да стекнат меѓународно искуство на еден од најстарите австриски универзитети, а притоа да го комбинираат со работна практика во една од најголемите банкарски институции во областа Штаерска, на која може да стекнат нови знаења и искуства потребни за нивниот понатамошен професионален напредок.

„Поттикот и инвестирањето во младите амбициозни луѓе во Северна Македонија е најдоброто нешто што може една компанија да го направи за подобрување на општата бизнис-клима во својата земја. Искуството и препораката што студентите и дипломците ќе ги добијат за време на студиите и обуките е од големо значење за успешен почеток на нивната кариера, а понатаму ќе придонесе за развој на финансискиот сектор во земјава. Овој проект на Шпаркасе Банка Македонија е вистинско задоволство токму повеќе што секоја година има сè поголем број млади луѓе што се пријавуваат за учество во програмата. „Нека победат најдобрите!“ – изјави г-а Олгица Спасевска, директор на Службата за човечки ресурси во Шпаркасе Банка Македонија.

На добитниците на стипендијата ќе им биде обезбедено сместување, месечен џепарлак, покриен трошок за школарина на Универзитетот во Грац, интензивен курс по германски јазик, како и учество на разни социјални и културни случувања во текот на целата година. Покрај тоа, ќе се стекнат со обука и практика во европската реномирана банкарска групација, Шпаркасе Групацијата.

Рокот за пријавување е најдоцна до 5 декември 2019 година. Сите информации за програмата се достапни на веб-страницата на Шпаркасе Банка Македонија, како и на факултетите што се дел од проектот.

Шпаркасе Банка Македонија