• 2019 4 Ноември
    Соопштенија Избрани победниците на конкурсот „Штеди, креирај, победи”.

Почитувани,

Заврши креативниот конкурс на Шпаркасе Банка и на Пакомак за чиста животна средина ШТЕДИ, КРЕИРАЈ, ПОБЕДИ!

Оваа година на конкурсот пристигнаа многу творби. Имаше неколку цртежи на зададената тема, но највеќе пристигнаа предмети изработени од материјали што може да се реупотребат.

Стручното жири ги избра победниците:

Прво место е прогласена „Касичка Робот” изработена од Томе Костадинов ученик во IVг одд. во ООУ„Сандо Масев“, Струмица.

Второ место за „Куќа од хартија“, изработена од Ема Илоска, VI 2 одд. во ООУ „Братство“, Скопје.

Третото место за „Касичка прасе“, изработена од Емил Трајков VII одд. ООУ Димче А. Габерот“, Демир Капија.

Шпаркасе банка Македонија обезбеди вредносни подароци во износ од 9.000 денари за прво место, 6.000 за второ и 3.000 денари за трето место.

Победниците ќе бидат гости во емисијата „Ивце Пивце и другарите“ во недела во 9:30 часот на Канал 5 телевизија. Таму ќе дознаеме нешто повеќе за нивните изработки.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија