• 2019 29 Ноември
    Соопштенија Извлечени првите добитници во наградната игра „Feel Good Friday“

Почитувани,

Извлекувањето на првите добитници на награди од наградната игра „Feel Good Friday“ беше одржано на ден 29.11.2019 година со почеток од 12.00 часот во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје со адреса ул. Македонија 9-11, 1000 Скопје.

За контрола на регуларноста се погрижи 3 члена комисија во состав:
1. Олгица Спасевска, претставник од Шпаркасе Банка Македонија;
2. Весна Дончева, нотар;
3. Анастазија Рибарева, претставник од Шпаркасе Банка Македонија.

Во прилог ги имаме првите петочни среќни добитници на парична награда во вредност од 30.000 МКД од наградната игра „Feel Good Friday“!

  • Александар Прелевиќ, Битола
  • Благица Мицевска, Скопје
  • Викторија Јовановска, Скопје
  • Сашко Стојковски, Скопје

Честитки за добитниците и се надеваме дека ќе уживате во наградите, а на вас останатите Ви посакуваме повеќе среќа следниот петок (06.12.2019), следете нè и очекувајте да бидете еден од добитниците. Прочитајте повеќе за наградната игра „Feel Good Friday“ и учествувајте.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија