• 2020 2 Јануари
    Соопштенија Бесплатно повлекување готовина со дебитните картички од банкоматите во Шпаркасе Групацијата

Почитувани,

 

Со новогодишните празници ја воведуваме новата поволност за клиентите на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија, како резултат на проширувањето на Шпаркасе Групацијата во Република Северна Македонија.

Од денес, клиентите на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија ќе можат да ја користат проширената мрежа на двете банки составена од околу 120 банкомати во Република Северна Македонија, на кои ќе можат да повлекуваат готовина без провизија* со дебитните картички!

Шпаркасе и Ерсте Групацијата која се состои од 49 штедни банки е една од најсилните банкарски групации во Европа и со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан, што ја прави доверлив партнер за клиентите во Република Северна Македонија. Клиентите на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија можат БЕЗ ПРОВИЗИЈА да повлекуваат средства со дебитните картички од брендовите VISA и Mastercard од банкоматите на банките во Шпаркасе и Ерсте Групацијата: Erste Bank and Sparkassen (Австрија), Ceska Sporitelna (Чешка), Slovenska Sporitelna (Словачка), Erste Bank Hungary incl. Postabank (Унгарија), Erste & Steiermarkische Bank dd (Хрватска), Erste Bank Serbia (Србија), Erste Bank AD Podgorica (Црна Гора), Banka Sparkasse dd (Словенија), Sparkasse Bank dd (Босна и Херцеговина), Banka Comerciala Romana (Романија).

Локациите на кои можете да ги најдете банкоматите на Охридска банка се достапни на следниот линк, додека пак локациите на банкоматите на Шпаркасе Банка Македонија се достапни на овој линк. Информацијата е достапна и преку апликациите за мобилно и електронско банкарство на двете банки.

Оваа новина е една од многуте поволности кои ќе ги почувствуваат клиентите со окрупнувањето на австриската Шпаркасе Групација во Република Северна Македонија.

*Провизијата која се резервира во моментот на подигнување на средства од банкоматите на Охридска Банка, се ослободува со прокнижување на АТМ трансакцијата.

 

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија