• 2020 15 Март
    Соопштенија Препораки за посета на експозитурите и користење на онлајн услугите

Почитувани клиенти,

Шпаркасе Банка Македонија ги информира клиентите дека од понеделник експозитурите ќе продолжат да работат со променетото работно време, односно ќе ги опслужуваат клиентите секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот, освен во саботите кога нема да работат експозитурите во Скопје, освен експозитура Централа, која останува со редовно работно време во сабота од 09:00 – 13:00 часот. Во другите градови во сабота нема да работат експозитурите во Тетово, Гостивар, Кичево, Велес, Кочани, Виница и во Неготино. Подетално можете да ја погледнете листата на експозитури со изменето работно време на следниот линк.

Поради намалените капацитети во наведениот период, им се препорачува на клиентите да ги користат електронските услуги за вршење на потребните банкарски операции, односно апликацијата за електронско банкарство NetBanking и мобилната апликација S-Banking, како и широката мрежа на банкомати низ државата. Потребните информации за нашите понуди и услуги се достапни преку веб-страницата на Банката www.sparkasse.mk , социјалните мрежи и Контакт центарот на телефонскиот број 02/3200-600.

За активирање нови корисници на услугите за електронско и мобилно банкарство, ги упатуваме клиентите да поднесат онлајн апликација преку следниот линк. Нашите дигитални услуги им овозможуваат на клиентите 24/7 часовен пристап до потребните информации за состојбата на нивната сметка, плаќање режиски трошоци, вршење плаќања кон трети лица, менувачница, подмирување на обврските кон Банката, како и подесување на лимитите на сите трансакции на банкомат, ПОС-терминал или плаќања на интернет.

На клиентите им препорачуваме да ги минимизираат посетите во експозитурите, состаноците со нашите вработени да се одржуваат телефонски, преку Lync или Skype call. При секоја посета во експозитурите да ги почитуваат препораките за дезинфекција на рацете и за одржување минимално растојание од 1 метар со другите присутни лица во експозитурите или во просториите на Банката. Нашите вработени ќе бидат достапни да ви ја обезбедат потребната услуга како и досега, со внимание на препораките за заштита, кои се препорачани од Министерството за здравство и од Светската здравствена организација.

Шпаркасе Банка Македонија навремено ќе ги известува клиентите за сите идни мерки за превенција од ширењето на корона вирусот Kовид-19 и им препорачува внимателно следење и почитување на препораките од Министерството за здравство и од Светската здравствена организација.

Грижете се за вашето здравје и спречете го ширењето на корона вирусот.

Шпаркасе Банка Македонија