• 2020 16 Март
    Соопштенија Промена на работно време во Експозитура Ѓорче Петров

Почитувани клиенти,

Согласно со дополнителните и заострени мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот Kовид-19, кои беа официјално објавени од Владата на Република Северна Македонија и од Министерството за здравство, Шпаркасе Банка Македонија ги информира клиентите дека во период од 17.03.2020 до 31.03.2020 година Експозитурата во Ѓорче Петров на ул. Ѓорче Петров бр. 33 нема да работи.

Останатите експозитури ќе работат со редовно работно време, а целосната листа на експозитури можете да ја погледнете на следниот линк.

Поради намалените капацитети во наведениот период, им се препорачува на клиентите да ги користат електронските услуги за вршење на потребните банкарски операции, односно апликацијата за електронско банкарство NetBanking и мобилната апликација S-Banking, како и широката мрежа на банкомати низ државата. Потребните информации за нашите понуди и услуги се достапни преку веб-страницата на Банката www.sparkasse.mk , социјалните мрежи и Контакт центарот на телефонскиот број 02/3200-600.

Грижете се за вашето здравје и спречете го ширењето на корона вирусот.

Шпаркасе Банка Македонија