Почитувани клиенти,
Согласно со мерките и препораките на надлежните органи за заштита од корона вирусот Covid-19, Шпаркасе Банка Македонија воведе дополнителни превентивни мерки при посетите во експозитурите.
За да се избегнат редици и гужви пред шалтерите во експозитурите, од денес е организиран посебен режим за влез на најмногу двајца клиенти во исто време и одржување на препорачано растојание од најмалку еден-два метри со другите присутни лица во експозитурата. Во сите експозитури се поставени средства за дезинфекција, при што Ве молиме за Ваша заштита да ги дезинфицирате рацете при влез и при излез од експозитурата.
Шпаркасе Банка Македонија од денес нема да наплаќа провизија од физичките лица за вршење трансакции преку електронското и мобилното банкарство за физички лица. Поради намалените капацитети, им се препорачува на клиентите да ги користат електронските услуги за вршење на потребните банкарски операции БЕЗ ПРОВИЗИЈА до 15.4.2020 година.
Воедно информираме дека eкспозитурите на Банката продолжуваат со работа со редовно работно време за извршување на сите банкарски трансакции.
Работното време на експозитурите ќе се менува тековно согласно расположливите капацитети на Банката и актуелните мерки кои ќе се донесуваат од страна на надлежните органи.
Промените редовно ќе се ажурираат на нашата веб страница на следниот линк и пред секоја посета на експозитура на Банката задолжително проверете го нејзиното работно време.
Упатуваме силна препорака на клиентите за намалено движење и избегнување посети во експозитурите, заради нивна поголема заштита и заштита на нашите вработени. Банкарските услуги се достапни 24/7 преку дигиталните канали, односно апликацијата за електронско банкарство NetBanking и мобилната апликација S-Banking, како и широката мрежа на банкомати низ државата. Потребните информации за нашите понуди и услуги се достапни преку веб-страницата на Банката www.sparkasse.mk, социјалните мрежи и Контакт центарот на телефонскиот број 02/3200-600.
Грижете се за Вашето здравје и спречете го ширењето на корона вирусот.
Шпаркасе Банка Македонија