• 2020 24 Април
    Соопштенија Исплата на априлските пензии

Драги пензионери,

Ве известуваме дека од денес (24 април) Вашата априлска пензија е на располагање на Вашите трансакциски сметки. Доколку Ви е потребна готовина можете да ги подигнете преку мрежата од 120 банкомати на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка, без провизија, или пак да плаќате безготовински со дебитните картички.

Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат платежни картички, ќе се спроведе во 4 групи согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:

  • На 27.04.2020 (понеделник) ќе се исплаќаат пензиите со износ до 11.000 денари
  • На 28.04.2020 (вторник) ќе се исплаќаат пензиите со износ од 11.001 до 14.000 денари
  • На 29.04.2020 (среда) ќе се исплаќаат пензиите со износ од 14.001 до 18.000 денари
  • На 30.04.2020 (четврток) ќе се исплаќаат пензиите со износ над 18.001 денари

За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

Доколку сепак се одлучите да ги подигнете пензиите преку шалтерите во експозитурите на Банката, Ве молиме да се придржувате кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија