• 2020 24 Април
    Соопштенија Промена на работно време - укинување на привремениот режим на работа

Почитувани клиенти,

Согласно новите мерки на Владата на Република Северна Македонија за намалување на рестрикциите на движењето на територија на Северна Македонија, со која секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот, ве информираме дека од 27.4.2020 година експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија ќе работат со изменето работно време, од понеделник до петок од 08:00 - 16:00 часот. Во сабота експозитурите нема да работат, освен експозитурата во Централа, со работно време од 09 до 12 часот. Експозитурите во Чаир и Ѓорче Петров од понеделник ќе бидат повторно отворени, со редовно работно време од 08:00 до 16:00 часот.

Вработените во останатите сектори кои се лоцирани во просториите на Управната зграда, СВИМ И Палата „Кузман“, ќе работат исто така со променето работно време до 16:30 часот, секој работен ден од понеделник до петок и неработни викенди.

Ажурираната листа на експозитури на следниот линк: https://bit.ly/3aPHZ0J, задолжително проверете ја пред секоја планирана посета на експозитура.

Дополнително ве информираме при посета во експозитурите задолжително треба да носите лична заштитна опрема за носот и устата која може да биде: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично.

Поради Ваша лична заштита Ви препорачуваме да ги користите електронските услуги за вршење на потребните банкарски операции, односно апликацијата за електронско банкарство NetBanking и мобилната апликација S-Banking, како и широката мрежа на банкомати низ државата. Потребните информации за нашите понуди и услуги се достапни преку веб-страницата на Банката www.sparkasse.mk, социјалните мрежи и Контакт центарот на телефонскиот број 02/3200-600.

Останете дома, грижете се за себе и за здравјето на Вашите најблиски.

Шпаркасе Банка Македонија