• 2020 12 Мај
    Известувања Известување за промена на нумерација во адресата на седиштето на Банката

Почитувани клиенти и соработници,

Врз основа на одлуката од Град Скопје за промена на нумерацијата во адресата на Шпаркасе Банка Македонија, како и согласно донесеното Решение со број 15-4102/6 од 21.04.2020 година од Народната Банка на Република Северна Македонија за претходна согласност за промена на седиштето на „Шпаркасе Банка Македонија“ АД Скопје, ги информираме нашите клиенти, соработници и добавувачи за извршена промена на нумерацијата во адресата на седиштето на Банката:

ул. „Македонија“ бр. 9 /11 се менува во ул. „Македонија“ бр. 34.

Се замолуваат сите клиенти, соработници и добавувачи своите пратки во иднина да ги доставуваат на адресата:

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, ул. „Македонија“ бр. 34, 1000 Скопје.

Промената се однесува само на промената на бројот во адресата на седиштето на Банката, додека физичката локација останува непроменета.

Срдечен поздрав,

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ