• 2020 11 Јуни
    Соопштенија Домашна платежна картичка: Купувам домашно!

Драги клиенти,,

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е една од деветте банки преку кои ќе се издава „Домашната платежна картичка, која е дел од третиот сет на мерки на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на одредени групи на граѓани и ревитализација на домашната економија. Преку купување на само домашни производи и услуги ќе се помогнат ранливите категории, граѓаните со ниски примања погодени од кризата, невработените лица, граѓаните кои се вработени но имаат близу минимална плата. Во проектот се опфатени и младите студенти, како и лекарите и здравствените работници кои се во првата линија во борбата против коронавирусот Covid-19.

За да проверите дали Вашата картичка ќе се издава преку Шпаркасе Банка АД Скопје, Ве молиме да ја посетите веб-страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk.

Банката Ви овозможи на лесен и едноставен начин, со внесување на Вашиот Единствен матичен број да проверите преку која експозитура ќе биде издадена Вашата „Домашна платежна картичка“ на следниот линк https://bit.ly/3cQm3T5 , како и да се информирате преку Контакт центарот на телефонскиот број 02/3200-600, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Важно: Банката дополнително ќе објави информација за датумот од кој картичката ќе биде достапна за преземање од страна на клиентите во една од експозитурите на Банката.


Подетални информации за Домашната платежна картичка“ можете да прочитате на следниот линк: https://bit.ly/3cQm3T5

При посета на експозитура, Ве молиме да се придржувате кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, носење заштитна опрема, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија