• 2020 24 Јуни
    Известувања Исплата на јунските пензии од фондот на ПИОМ

Драги пензионери,

Ве известуваме дека пензиите за јуни ќе се исплатат предвреме почнувајќи од 26 јуни 2020 во четири групи. Со јунските пензии можете да располагате преку Вашите дебитни картички за подигнување на готовина имате достапна мрежа од 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата (банкоматите на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка)  или да плаќате безготовински кај трговците.

Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата во готовина преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:

  • До 11.000 денари                 26.6.2020 г. (петок)
  • 11.001-14.000 денари          29.6.2020 г. (понеделник)
  • 14.001-18.000 денари          30.6.2020 г. (вторник)
  • Над 18.001 денари              01.7.2020 г. (среда)

Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!

Ви препорачуваме средствата кои се на располагање на Вашите сметки да ги подигнувате со дебитните картички преку банкомати на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка, на кои подигнувањето е без провизија. За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

Доколку сепак се одлучите да ги подигнете средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, Ве молиме да се придржувате кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија