• 2020 27 Јули
    Соопштенија Исплата на јулските пензии од фондот на ПИОМ

Драги пензионери,

Ве известуваме дека пензиите за јули ќе се исплатат предвреме почнувајќи од 28  јули 2020 во четири групи. Со јулските пензии можете да располагате преку Вашите дебитни картички за подигнување на готовина, имате достапна мрежа од 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата (банкоматите на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка)  или да плаќате безготовински кај трговците.

Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата во готовина преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:

  • До 11.000 денари                 28.7.2020 г. (вторник)
  • 11.001-14.000 денари          29.7.2020 г. (среда)
  • 14.001-18.000 денари          30.7.2020 г. (четврток)
  • Над 18.001 денари              31.7.2020 г. (петок)

Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!

Ви препорачуваме средствата кои се на располагање на Вашите сметки да ги подигнувате со дебитните картички преку банкомати на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка, на кои подигнувањето е без провизија. За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

Доколку сепак се одлучите да ги подигнете средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, Ве молиме да се придржувате кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија