img_02
  • 2023 5 Мај
    Известувања Известување за продолжено работно време на експозитури на Шпаркасе Банка

Почитувани клиенти,

Ве информираме дека Шпаркасе Банка АД Скопје согласно зголемениот обем на работа поради реиздадени картички, донесе одлука во периодот од 05.05.2023 до 13.05.2023 година, одредени експозитури да работат со продолжено работно време исклучиво за подигнување на картички.

Eкспозитурите во Скопје: Аеродром 1, Аеродром 2, Центар и Чаир, како и во градовите: Битола, Гевгелија, Гостивар, Кичево, Кочани, Куманово, Прилеп како и Охрид централа ќе работат со продолжено работно време за подигнување на картички секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот и сабота од 09:00 до 13:00 часот.

Eкспозитурите во Скопје- Капиштец, Штип и Струга во истиот период од 05.05.2023 до 13.05.2023 ќе работат со продолжено работно време за подигнување на картички од понеделник до петок од 08:00 до 18:00 часот.

Со почит,

Шпаркасе Банка