Почитувани клиенти,
Поради планирана техничка надградба на нашите системи, ве информираме дека на 29.10.2024, вторник, може да дојде до краткотрајни прекини на услугите поврзани со користењето на платежните картички издадени од Шпаркасе Банка АД Скопје. Можно е привремено одбивање на некои трансакции во текот на денот, при плаќање на ПОС терминали, Интернет плаќања и користење на банкоматите.
Се извинуваме за евентуалните непријатности и ви благодариме за Вашето трпение и разбирање додека работиме на подобрување на квалитетот на нашите услуги и Вашето корисничко искуство.
Со почит,
Шпаркасе Банка АД Скопје