img_02
  • 2024 20 Ноември
    Известувања Известување за нов член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје

Почитувани,

Во согласност со член 158 од Законот за хартии од вредност, Шпаркасе Банка АД Скопје, како Акционерско друштво со посебни обврски за известување, го доставува следново тековно соопштение за спроведени промени во органите на Банката:

По добивање на согласност од Гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија и упис на именувањето во Централниот Регистар на Република Северна Македонија, Габриела Шмол е нов член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје со мандат од 4 години.

Со решенија на Гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија, постоечките членови на Надзорниот одбор на Банката Георг Бухер, Валбурга Зајдл, Славиша Којиќ, Глигор Бишев, Горан Петревски и Татјана Шишковска повторно се именувани за Членови на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје за период од 4 години.

Со почит,

Шпаркасе Банка АД Скопје