Шпаркасе Банка АД Скопје ја отвори реновираната експозитура Централа, на адреса ул. Васил Иљоски бр. 14, Скопје, која ќе работи секој работен ден, од понеделник до петок, од 8.00 до 16.00 часот.
Во новата, реновирана експозитура, клиентите на Шпаркасе Банка ќе добијат врвно корисничко искуство во севкупната интеракција со банката и со вработените. Употребата на еколошки одржливи материјали покажува посветеност и еколошка одговорност, додека обезбедувањето на стандардите за удобност и безбедност, дава приоритет на благосостојбата на клиентите и на вработените.
Шпаркасе Банка АД Скопје во текот на 2024 година посветено работеше на подобрување на својата инфраструктура за поголема достапност до клиентите, со нови и модерни експозитури. Банката отвори експозитури на две нови локации, изврши адаптирање на три експозитури во согласност со Групациските стандарди за функционалност и естетика, и се постави фотоволтаична централа на експозитурата Гевгелија со што таа стана енергетски независна.
Вкупните инвестиции во дигитализација и во инфраструктура на банката во наредните 5 години ќе изнесуваат 65 милиони евра.
Шпаркасе Банка АД Скопје продолжува да ги надминува очекувањата на клиентите и да ги одразува тековните заложби на Групацијата за интегрирање на одржливоста во дизајнот и работењето на експозитурите.
#ВерувајВоИднината