"Шпаркасе Банка" низ повеќегодишната традиција ја унапредува сопствената стратегија за корпоративна општествена одговорност, која се развива во рамките на „SPARKASSE LIFE“ платформата. Во рамките на оваа платформа се опфатени проекти што се наменети за поддршка на повеќе сегменти (локална заедница, култура, образование, здравство, спорт), преку кои Банката создава дополнителни вредности за клиентите, вработените, здруженијата, локалната заедница и за заштита на животната средина.