Sparkasse LIFE ПРВ ДО ВРВ – најмасовниот спортско-рекреативен планински настан во регионот, годинава се одржа на 21 мај, во организација на здружението за спорт и рекреација „ПРВ ДО ВРВ“ од Скопје и Шпаркасе Банка како главен спонзор на настанот.
На овој традиционален спортски настан на падините на Водно, кој годинава се одржа по 11-ти пат, учествуваа повеќе од 3.000 учесници: велосипедисти, планинари и рекреативци, како и професионални спортисти на трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, електрични велосипеди и тим-билдинг трката за компании, и се натпреваруваа кој прв ќе пристигне до врвот на планината Водно. Настанот секоја година става акцент на зачувувањето на животната средина и се состои од натпреварувачки и од забавен карактер.
Шпаркасе Банка, преку платформата Sparkasse LIFE, интензивно се фокусира на промоција на спортот и на здравите животни навики, како и на стратегијата за одржливост, па во таа насока одлучи од оваа година да биде главен спонзор на манифестацијата „ПРВ ДО ВРВ“.