"Шпаркасе Банка" е меѓу првите банки во Р. Македонија кои што воведуваат нови и иновативни понуди на финансиски производи и услуги, како што се бесконтактната картичка од брендот Mastercard, иновативните банкомати со менувачка и депозитна функција, како и практичната и технолошки напредната апликација за мобилно банкарство S-Banking.
"Шпаркасе Банка" во својата широка палета на производи и услуги креира нови и современи понуди согласно потребите на клиентите, нивната возраст, навики и животен стил. За таа цел во понудата се креирани посебни пакети за повозрасните клиенти, за кои е овозможена услугата „Пензија на 1ви“, како и пакети за најмладите, студентите и вработени лица до 26 години, кои за прв пат го вршат изборот на банка за управување со нивните финансии. За иновативноста и клиентски ориентираниот пристап потврдуваат наградите STUBRAND за 2016 и 2017 година.
Следејќи ја основната мисија на нашиот сопственик "Штаермеркише Шпаркасе" од Грац, Р. Австрија, која бележи речиси 200 години традиција во банкарското работење и воедно придонес и грижа за заедницата во која дејствува, "Шпаркасе Банка" е првата банка што ја имплементира корпоративната општествена одговорност во рамките на својата деловна стратегија. Со голема посветеност Банката реализира многубројни проекти во рамките на SPARKASSE Life платформата. Многуте награди и признанија се потврда на повеќегодишната стратегија и активни заложби за создавање дополнителна вредност за општеството во кое дејствуваме.
"Шпаркасе Банка" е меѓу првите банки што активно комуницираат со јавноста и преку социјалните мрежи, со отворени профили на "Facebook", "Instagram", "LinkedIn" и "You Tube". Активната комуникација во медиумскиот простор е исполнета со иновативни и креативни кампањи за промоција на банкарските услуги, по кои Банката се издвојува од другите огласувачи и бележи висок Brand Awareness и Advertising Awareness во согласност со истражувањата спроведени од локални агенции.