МИСИЈА ШПАРКАСЕ 2020
НАШАТА БАНКА. ВО ЕДЕН ПОГЛЕД
ИДЕНТИТЕТ. КОИ СМЕ НИЕ
Ние сме независна штедна банка, дел од австриската групација на штедни банки и членка на солидарен гарантен фонд (Haftungverbund). Нашиот историјат од речиси 200 години има добра основа. Ние секогаш се фокусираме да бидеме штедна банка. Ние ги правиме работите едноставни, за луѓето да можат подобро да си ги организираат животот и својата иднина.
МИСИЈА. ШТО САКАМЕ НИЕ
Врз основа на нашиот модел на работа, свесни за ризикот, сакаме постојано да се развиваме со нашите клиенти. Ние сакаме да бидеме најдобри во однос на квалитетот на нашите советувања, економската компетентност, брзината на одлучување и на регионалното поврзување. Во Стирија и во регионот на Западен Балкан.
ЦЕЛИ. ШТО САКАМЕ ДА ПОСТИГНЕМЕ
На нашите клиенти физички лица треба да им се овозможи да се потпрат на силна мрежа од експозитури во регионот и на најдобрите советници. Ние сакаме да бидеме прв избор на нашите клиенти. Затоа што ги разбираме луѓето, ги познаваме регионалните барања и сме цврсто вкоренети во регионот.
Бидејќи ја знаеме важноста на деловните (бизнис) релации што ги има нашата банка со своите клиенти, ние се стремиме да бидеме нивната главна банка. Нашата ориентираност кон клиентите, достапноста и експертизата за решавање на проблемите нѐ прават првите соговорници на кои ќе им се обратат нашите клиенти за своите финансиски потреби.
Ние сме единствената банка која што располага со странски инвестиции во Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија. Заедно со групацијата „Ерсте" развиваме силна банкарска мрежа на Западниот Балкан, која ни овозможува атрактивни бизнис можности.
Ние ги промовираме мотивацијата кај нашите вработени, ентузијазмот, задоволството во деловните трансакции, страста и подготвеноста на промени како предуслови за раст и успех. Нашиот менаџмент е свесен за својата функција како пример за другите вработени и ја извршува одговорно својата функција.