Вредности

Во нашата Групација го цениме поединецот. Тоа важи за милиони клиенти чии индивидуални потреби ги следиме, но важи и за нашите вработени. Секој вработен на Шпаркасе банка е избран поради неговите вештини, особености и став. Веруваме дека чесноста, креативноста, желбата за работа и позитивниот став придонесуваат за одржување на визијата започната пред 200 години: да бидеме Банка која е прв избор на клиентите.

Нашата мисија е да бидеме партнер банка за нашите клиенти и вработени и со таа цел нашата работа ја базираме на следните вредности:

1

Поддршка – слушаме, разбираме и помагаме


Слушаме што клиентите и колегите имаат да кажат бидејќи ги разбираме нивните потреби. Меѓусебно споделуваме идеи и ја поддржуваме нивната реализација. Си помагаме едни на други бидејќи се водиме од иста цел. Доколку е успешна Банката во која работиме и ние сме успешни. Комуницираме искрено и отворено, бидејќи сме насочени на решенија и на резултати.

2

Одговорност – преземаме одговорност за развој на Банката и личен развој


Одговорни сме, пред сѐ, кон самите себеси и кон својата иднина, а потоа и кон своите клиенти. Затоа, преземаме лична одговорност и покажуваме иницијатива кон клиентите бидејки успехот и напредокот на Банката воедно се и наш успех и развој. Секој наш успех е посветен на нашето работење во рамките на Банката. Се грижиме за успешно и целосно завршување на нашите работни задачи. Се грижиме за поголемата слика и мислиме на доброто на Банката на долг рок. Одговорноста е поделена подеднакво, а овластувањата ги заслужуваме со своите добри резултати.

3

Доверба – го одржуваме дадениот збор и градиме квалитетни односи


Веруваме во своите вработени, во нивните потенцијали и успеси. Фокусирани сме на одржлив и долгорочен развој, ја прифаќаме можноста за грешки, учиме од нив и не ги повторуваме. Градиме атмосфера на доверба, затоа што си веруваме. Успехот на Банката е нашата заедничка цел.

4

Иновативност – поттикнување ново и постојано унапредување на работењето


Ги препознаваме и ги цениме идеите и иницијативите, затоа клиентите ги услужуваме на едноставен и квалитетен начин. Ги поврзуваме новите, креативни идеи во деловна реалност. Со лични примери ги поттикнуваме другите во своето работење да даваат максимум и да го исполнат својот потенцијал. Проактивни сме и мотивирани да работиме повеќе и подобро затоа што нашиот труд се препознава и се вреднува.

5

Создавање – создаваме вредност за нашите клиенти, заедница, акционери и себе


Создаваме вредност за нас самите, а мерка на таа вредност се сѐ повеќе задоволни и лојални клиенти, но и вработени на Банката. Ги вреднуваме напорите и ги наградуваме резултатите на вработените, бидејќи веруваме дека напорот ќе се исплати и ќе нѐ води кон успех. Нашата моќ се огледува во нашето знаење и компетенции, а нашиот успех во нашите клиенти.

Погледнете и за:

Контакти

Служба за човечки ресурси

Македонија 9-11, 1000 Скопје, Р. Македонија

Tel: +389 2 3167 156

hr@sparkasse.mk