БИДИ НАЈДОБАР НА ЈУГОИСТОКОТ!

Знаењето не познава граници!

Best of South East претставува програма која Шпаркасе Банка ја реализира секоја година и е наменета за студентите од Република Северна Македонија. Програмата им овозможува на младите да се стекнат со меѓународно академско искуство со истовремена работна пракса, на која можат да стекнат нови знаења и искуства потребни за нивниот понатамошен професионален напредок.

Во продолжение може да пристапите кон отворениот конкурс за пријава на Best of South East програмата за 2023/2024 година

Секоја година, по отварањето на конкурсот, на студентите им се овозможува можност да аплицираат за еден од австриските универзитети, како и да реализираат пракса во една од најмодернизираните банкарски институции во Австрија.

Економија и Право (Universität Graz)

  • Програма за пракса на максимум 4 студенти во Штаермеркише Шпаркасе
  • Партнер на оваа програма е Универзитетот во Грац (University of Graz)
  • Барање за пристап кон онлајн апликација до 23.01.2023
  • Комплетирање на процесот за апликација до 26.01.2023, до 13:00 часот

Технички Факултет (Technische Universität Graz)

  • Програма за пракса на максимум 1 студент
  • Партнер на оваа програма е Техничкиот факултет од Грац
  • Пријавите се отворени до 31.01.2023 година

Геологија/Металургија (Montanuniversität Leoben)

  • Програма за пракса на максимум 1 студент
  • Пријавите се отворени до 30.01.2023 година

Музичка академија (Kunstuniversität Graz)

  • Програма за пракса на максимум 1 студент
  • Партнер на оваа програма е Универзитетот за музичка уметност при Грац
  • Повик за 2023\24 и 2024\25

Ние ќе ви помогнеме да добиете шанса, а вие покажете дека сте најдобри на Југоистокот!

Контакти

Дирекција за човечки ресурси

ул. Васил Иљоски 14, 1000 Скопје, Р. Северна Македонија

Tel: +389 2 3167 156

hr@sparkasse.mk