Развој и едукација

Знаете ли кои се вашите предности, во што сте подобри од другите? Ние ќе ви помогнеме да ги спознаете и да ги истакнете во својата кариера.

Со нас имате континуиран професионален и личен развој. Ве очекува работно опкружување во кое постои перспектива, а работата се развива заедно со едукацијата и тренинзите и специфичното искуство што го нудиме.

Во нашата Групација е интересно и динамично, а континуираната едукација и развој се темел на нашиот пристап кон работата. Можете да учите на различни начини: низ работа од поискусните колеги или со иновирање нови предизвикувачки задачи, низ формални програми за едукација поврзани со стручно знаење и со развој на компетенции и низ размена на знаење во Групацијата. Без оглед на кој начин учите и се развивате, нам ни е важно во тоа да уживате.

Сакаме да ги инспирираме вработените и од сите вработени очекуваме проактивно учество во сопствениот развој.

Сакате ли да нѐ инспирирате?

Интерна берза

Како дел од нашиот концепт да поттикнеме интерна мобилност, како и мобилност во Групацијата и да станеме најатрактивен работодавец, ви нудиме можности да се вклучите во интерното пополнување на работните места и овозможуваме пристап до отворените позиции во Групацијата.

Управување на кариера на талентите

Таленти се вработени што работат над просекот и што покажуваат голем потенцијал за иден развој. Веруваме дека, ако уживате во она што го работите и ако на својот личен развој му додадете страст и волја можете да бидете истакнати како еден од нашите таленти. Вистинскиот потенцијал не произлегува од вашиот статус и формално образование, туку од способноста и од вложениот труд.

Погледнете и за:

Контакти

Дирекција за човечки ресурси

ул. Васил Иљоски 14, 1000 Скопје, Р. Северна Македонија

Tel: +389 2 3167 156

hr@sparkasse.mk