Политика за приватност
Информации за заштита на лични податоци и обработка на податоци
Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој Шпаркасе Банка АД Скопје (во понатамошниот текст: Банката) ги прибира, ги обработува и ги користи податоците добиени при посета на веб-страницата на Банката, како и видовите информации што можат да се приберат и да се задржат на овој начин.
Со цел навремено и целосно усогласување на законодавството на Република Северна Македонија во областа на заштитата на личните податоци со правото на Европската Унија (GDPR), на 16.02.2020 година e усвоен новиот Закон за заштита на личните податоци.
Целта на Законот за заштита на лични податоци е заштитата на личните податоци и правото на приватност во врска со обработката на личните податоци на физичките лица.
„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице.
„Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.
„Контролор“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци.
„Обработувач на збирка на лични податоци“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.
Контролор на збирки на лични податоци
Контакт за лични податоци:
Категорија на субјекти чии податоци Банката ги прибира при посета на веб -страницата
Преку нашата веб-страна собираме лични податоци на следниве категории на субјекти на лични податоци:
❯ Посетители на нашата веб-страна
Податоци на посетители на страната www.sparkasse.mk - податоци за навигација кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страна како и за одржување на информациска сигурност на веб-страната.
Информациите со кои се идентификувате при користењето на производите и на услугите на Банката, односно податоци што самите ни ги доставувате и сте согласни да ги обработуваме.
Информации што не се лични, односно податоци за содржината што ја гледате, информации за софтверот на интернет-пребарувачот, за тоа кои содржини ги кликате, кои производи и услуги ги посетувате, за типот на компјутер, како и технички информации кои се однесуваат на оперативниот систем и на испорачувачот на интернет-услугата и слично.
Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за користење на колачиња.
❯ Корисници на услугите и производите на Шпаркасе Банка АД Скопје
Лични податоци на физички лица кои аплицираат on-line преку нашата веб-страна за одредена наша услуга или производ.
Обработка на лични податоци од страна на Шпаркасе Банка АД Скопје
Банката врши обработка на личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци, во доволна мера потребна за исполнување на целите за кои се собрани податоците и на транспарентен начин кон субјектите на личните податоци. Банката врз основа на закон и законска обврска, како и за потребите за исполнување на договор или обработка потребна заради пристапување кон склучување на договор примарно собира, обработува и ги користи личните податоци со цел да обезбеди што подобри финансиски услуги за клиентите, да ги приспособи деловните процеси на потребите на клиентите и да биде во согласност со законските обврски. Конкретно, Банката врши собирање на личните податоци наведени во оваа апликација и во изјавата за носител на јавна функција, врз основа на законски обврски што произлегуваат за Банката од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам и врз основа на оцената на Банката за одреден личен податок како нужен при исполнување на нејзините законски или договорни обврски.
Секое физичко лице што има намера да воспостави деловен однос со Банката како и поради законската обврска за Банката за ажурирање на податоците на клиентите, потребно е да ги пополни/достави законски задолжителните лични податоци како и изјавата за носител на јавна функција.
Во случај кога Банката користи лични податоци на субјект со цел информирање на субјектите на личните податоци во врска со новите производи и / или услуги на Банката или други слични промотивни активности, се бара конкретна согласност од субјектот на личните податоци, која може да ја повлече во секое време, без надомест: директно во филијалите на Банката или на официјалните контакт адреси на Банката или Офицерот за заштита на лични податоци.
Како ги штитиме Вашите податоци?
Личните податоци што ги прибираме, во обем утврден со деловните и со други потреби и според согласноста добиена од субјектите на тие податоци, Банката е должна да ги третира како класификувани информации и да ги примени организациските и техничките принципи и средства за нивна заштита од намерно или ненамерно губење, преправање, неовластено пристапување или користење. Притоа, Банката ги користи истите организациски и технички средства што ги користи и за заштита на информациите за деловното работење ако со нив се обезбедува соодветен степен на заштита или применува специфични мерки приспособени на потребите за заштита на личните податоци.
Банката нема да ги продава или да ги пренесува личните податоци на трети лица освен во случаите предвидени со закон или ако е тоа неопходно за извршување на деловните операции за кои се прибрани тие податоци.
Пренесувањето на личните податоци се врши со обезбедување соодветен степен на нивна заштита, специфичен за методата и за медиумот со кој се врши преносот, за да се спречи можноста за нивно читање при преносот.
Обработка и споделување на информациите
За време на посетата на веб-страницата, Вашата приватност целосно се почитува.
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:
- во случај на ангажирање на даватели на услуги ако Банката ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на Банката и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
- Експлицитна согласност на субјектот
- По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа
- Банката, по потреба, може да изврши пренесување на личните податоци на субјектот на личните податоци во други држави што се членки на ЕУ или на ЕЕА и или во други држави што не се членки на ЕУ или на ЕЕА, по претходно одобрение / известување за пренос на личните податоци од Агенцијата за заштита на личните податоци, како и пренос во рамките на Групацијата на која банката и припаѓа, надвор од матичната земја.
- За потребите и целите на ревизија пристап до податоците може да имаат банкарски ревизори и ревизори на годишните финансиски извештаи, доколку тоа е неопходно за ревизорската активност.
- Пренос на податоци на трети лица заради потреба од наплата на побарување.
Вашите лични податоци што ги прибира Банката можат да се користат за следново:
- Да Ве идентификува со цел да Ви ја обезбеди потребната информација во врска со користењето на производите и на услугите на Банката.
- Да Ви го олесни пребарувањето и да ги разјасни нејаснотиите во врска со Банката и/или со функционирањето на нејзините производи и услуги.
- Да Ви пружи помош при поплаки или при проблеми во врска со користењето на производите и на услугите на Банката.
- Заради остварување на целите заради кои се собрани личните податоци како и заради реализирање на нашата дејност во врска со било која услуга или производ кои ги нуди Шпаркасе банка ад Скопје.
- Да Ви обезбеди повратна информација и искажување на Вашето мислење во врска со производите и со услугите на Банката.
- Да ја разгледа можноста за Ваше вработување доколку аплицирате за работа во Банката преку веб-страницата.
- Да Ве контактира со цел презентирање на промотивни понуди - директен маркетинг.
- Да Ве контактира со цел вршење истражување на пазарот.
Категории на податоци кои се обработуваат при посетата на нашата веб-страница
При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
- URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на ДЗЛП;
- Јазикот на пребарувачот кој го користите;
- Држава (се одредува преку IP адресата).
Серверските логови се заштитуваат согласно пропишаните технички и организациски мерки, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.
Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања за консултација, истрага, корективни санкции, давање одобренија и советодавни овластувања (вклучувајќи податоци потребни за усогласување со законските и регулаторни барања), како што се поставување на прашања и/или мислења за различни прашања од областа на заштитата на личните податоци, обезбедување на повратни информации, пријавување на повреда на лични податоци или барање на било која друга административна услуга од Банката.
Во согласност со важечката законска регулатива, банката е обврзана да изврши идентификација и потврдување на идентитетот на крајниот сопственик при секоја трансакција.
За таа цел Банката задолжително врши прибирање лични податоци: име и презиме, ЕМБГ, адреса и други податоци обележани како задолжителни, како и задржувањe копија од документ за идентификација.
Во случај на одбивање на достава на потребниот личен податок Банката нема да го воспостави деловниот однос.
Правен основ за обработка лични податоци во Банката
Банката врши обработка на Вашите лични податоци врз основ на:
❯ исполнување на договорни обврски, како и заради превземање на активности на барање на субјектот на лични податоци пред негово пристапување кон склучување на договор,
❯ исполнување на законски обврски на Банката
❯ легитимен интерес на Банката
❯ согласност на клиентот - Доколку не постои ниту договор, ниту законска обврска или легитимен интерес, обработката на податоците сепак може да биде законска доколку сте ни дале согласност да го сториме тоа. На пример согласност да ве контактираме за целите на директен маркетинг. Дадената согласност можете да ја повлечете во секое време со поднесување на писмено Барање за повлекување на согласност. Сепак, повлекувањето на согласноста нема да влијае на законитоста на обработката пред повлекувањето на согласноста. Ова значи дека повлекувањето на согласноста нема да влијае на обработката врз основ на истата во минатото.
Податоци кои Банката ги обработува за лицата кои аплицираат за вработување
Повеќе информации на следниот ЛИНК
Податоци кои Банката ги обработува во Дигитални Канали
Повеќе информации на следниот ЛИНК
Времетраење на чување на личните податоци
Банката ги чува личните податоци не подолго од тоа што е потребно за целите поради кои се обработуваат, односно сè додека има договорна обврска со клиентот, Банката има потреба да ги заштити сопствените права пред судските или другите органи и додека постои законска обврска да ги чува податоците. Во зависност од типот на документот / податокот, времетраењето на чувањето на личните податоци е уредено согласно интерените акти на Банката, а во согласност со важечките закони, па така вашето кредитно досие и деловна коренсподенција, согласно Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам Банката е должна да ги чува 10 години по извршената трансакција, сметано од последната трансакција. По изминување на овој период, во интерно утврдена постапка Банката ги уништува податоците и документите, вклучително и податоците што се обработуваат од трети страни во име и за сметка на Банката.
Кои се Вашите права?
Принципот на отчетност и транспарентност е фундаментален принцип на секој систем за заштита на личните податоци.
Банката како контролор има воспоствено принципи и механизми за транспарентно информирање и остварување на правата на субјектите на личните податоци согласно Законот.
Банката го информира субјектот за личните податоци за неговите права и обврски во моментот на прибирањето на податоците односно оставурвање на деловната соработкa.
Права на субјектот на лични податоци :
Субјектот на личните податоци може да побара од Банката:
- издавање потврда или информација дали се обработуваат неговите лични податоци или лични податоци за него, при што Банката ќе му ги овозможи информациите во согласност со член 16, 17, 18, 19 од ЗЗЛП;
- исправка на неговите неточни лични податоци и да ги дополни неговите нецелосни лични податоци со давање дополнителна изјава согласно член 20 од ЗЗЛП;
- бришење на неговите лични податоци, доколку се исполнети условите во согласност со Законот за заштита на личните податоци односно доколку не е обработката неопходна за усогласување со законска обврска, која бара обработка според закон што се применува во однос на Банката, член 21 од ЗЗЛП;
- ограничување на обработката на неговите лични податоци, доколку е исполнет условот во согласност со член 22 од ЗЗЛП;
- право на преносливост на лични податоци на субјектот од страна на банката на друг контролор, доколку се исполнети законските услови, согласно член 24 од ЗЗЛП;
- да поднесе приговор до Банката во секое време, врз основа на конкретна ситуација поврзана со него, против обработката на неговите лични податоци, врз основа на членот 10 став (1) алинеи 5 или 6 од Законот за заштита на личните податоци вклучувајќи и профилирање засновано на овие одредби. Доколку личните податоци се обработуваат за цели на директен маркетинг, субјектот на личните податоци има право во секое време да поднесе приговор на обработката на неговите лични податоци поврзани со овој вид маркетинг, кој вклучува и профилирање до тој степен до кој е тоа поврзано со директниот маркетинг член 25 од ЗЗЛП;
- повлекување на претходно дадена согласност со поднесување на писмено Барање, член 11 од ЗЗЛП.
Колку време ќе биде потребно за одговор на поднесеното барање?
Соодветен одговор по однос на побараните информации ќе ви ги доставиме што е можно поскоро, но не подоцна од законски утврдениот рок од еден месец од приемот на вашето барање.
По потреба, рокот може да се продолжи за уште 2 месеци поради сложеноста и бројот на барања. Сепак, сигурно ќе ве информираме за можното продолжување на рокот во рок од еден месец од приемот на вашето барање.
Субјектот на личните податоци има право да поднесе барање до Агенцијата за заштита на лични податоци, доколку смета дека обработката на неговите лични податоци, ги прекршува одредбите од Законот за заштита на личните податоци, притоа не доведувајќи ги во прашање кои било други управни или судски средства за правна заштита.
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Блаженка Мицевска Пејкова на следниов e-mail: privacy.protection@sparkasse.mk
Вашето право можете да го остварите со пополнување на следниве обрасци - Барање за остварување на право, Барање за повлекување на согласност, Приговор за заштита на лични податоци и истите да ни ги доставите до најблиската Експозитура на Шпаркасе банка АД Скопје, по пошта на адреса ул.Васил Иљоски 14 1000 Скопје со назнака „за офицер за заштита на лични податоци“ или директно до Офицерот за заштита на лични податоци на следниот e-mail: privacy.protection@sparkasse.mk
Прифаќање на условите
Со користењето на оваа веб-страница се согласувате, односно ги прифаќате одредбите од Политиката за приватност на Банката.
Правилник за начинот на вршење видео надзор во банката
На следниот линк може да го прочитајте го правилникот за начиниот на вршење видео надзор во банката.