Поплаки


Информација за начин на поднесување на поплака

Доколку сметате дека во деловниот однос со Банката е повредено некое ваше право, слободно доставете ни поплака.

КАКО ДА НИ ПРАТИТЕ ПОПЛАКА?

Поплака можете да ни доставите усно или во писмена форма. Доколку поплаката ја упатувате усно, вработените во Банката ќе се обидат да ви дадат соодветен одговор. Доколку не сте задоволни од добиениот одговор, вработените во Банката ќе ви ги дадат сите потребни информации за достава на поплаката во писмена форма.

E-mail

Испратете ни е-маил на

poplaki@sparkasse.mk

Онлајн-образец

Пополнете го онлајн-образецот и испратете ни го

Телефон

Контактирајте нѐ на

Експозитура

Писмената поплака доставете ја во некоја од експозитурите на Банката во соодветно поставените кутии за поплаки.

Писмено

По пошта на следната адреса:
Шпаркасе Банка АД Скопје
Одговорно лице за поплаки
ул. Васил Иљоски 14
1000 Скопје