Корпоративна општествена одговорност

"Шпаркасе Банка" низ повеќегодишната традиција ја унапредува сопствената стратегија за корпоративна општествена одговорност, која се развива во рамките на „SPARKASSE LIFE“ платформата. Во рамките на оваа платформа се опфатени проекти што се наменети за поддршка на повеќе сегменти (локална заедница, култура, образование, здравство, спорт), преку кои Банката создава дополнителни вредности за клиентите, вработените, здруженијата, локалната заедница и за заштита на животната средина.

Спонзорства и донации

Вашите барања за спонзорства и донации може да ги доставите до Службата за маркетинг и комуникации во текот на целата година. Со цел да се разгледаат барањата за спонзорства и донации, потребно е да го пополните онлајн-барањето или да го доставите вашето барање во писмена или во електронска форма на подолунаведените адреси.

e-mail адреса:
marketing@sparkasse.mk

Адреса:
Шпаркасе Банка АД Скопје
Оддел за маркетинг и комуникации
ул. „Македонија" 34
1000 Скопје