Драги

клиенти

На 16ти јули 2021 г. со упис на статусната промена – присоединување и официјално заврши процесот на присоединување на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. Со ова интегрираната Шпаркасе Банка Македонија АД – Скопје, припаѓа во групата на големи банки заземајќи ја 4-та позиција на банкарскиот пазар.

Со успешна финализација на процесот на присоединување, Шпаркасе Банка Македонија ја прошири својата клиентска база и го зголеми пазарниот удел на 13,4% во сегментот население и 15,1% во сегментот на корпоративни клиенти. Интегрираната Шпаркасе Банка Македонија, сега ќе опслужува повеќе од 120.000 клиенти во земјата, преку 35 експозитури и широка мрежа на банкомати на околу 100 локации ширум државата.

Со вкупна актива од 1,15 милијарди евра Шпаркасе Банка Македонија се позиционираше во рангот на големите банки на пазарот како број два во корпоративниот сегмент и број три во сегментот население, нудејќи им на своите клиенти атрактивни и производи и услуги, како и експертиза која доаѓа од Ерсте и Шпаркасе Групацијата.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје како поголема и подинамична банка, со поголем потенцијал и со експертската поддршка која ни ја овозможува нашата матична банка Штаермеркише Шпаркасе, ќе продолжи да нуди отворени можности за финансирање на иновативни проекти со tailor made решенија кои ги креира нашиот искусен и стабилен тим. За секој економски субјект, големи компании и мали бизниси, како и за сите граѓани во нашата држава Банката ќе продолжи да креира најдобри понуди и решенија како финансиски супермаркет и истовремено ќе придонесе за динамизирање на македонската економија и за подобрување на животниот стандард.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје останува стабилен чинител во банкарскиот сектор, партнер на македонската економија, поддржувач на бизнисите, банка посветена на сите свои клиенти и вработени, но и банка ориентирана кон заедницата.

За сите детали околу присоединувањето, како и за информациите поврзани со производите и услугите што им ги нуди Банката на своите клиенти, можете да прочитате во приложената листа на прашања и одговори што ја подготвивме за вас.

Заедно можеме повеќе!

Прашања и одговори

КОНВЕРТОР на сметки

За да го проверите новиот број на Вашата трансакциска сметка во Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје Ве молиме обратете се во Вашата матична експозитура или контактирајте не на contact@sparkasse.mk.

Дали ќе можам да ја користам мобилната апликација Моја банка од Охридска банка?

Да, мобилната апликација може да продолжите да ја користите. На денот на присоединувањето на двете банки мобилното банкарство ќе биде ребрендирано и збогатено со нови функционалности. Новото мобилно банкарство S-Banka на Шпаркасе Банка Мaкедонија ќе го препознаете и по новото лого. Сите функционалности кои до сега Ви беа на располагање ќе може да продолжите да ги користите. За користење на новите функционалности потребно е да ја преземете новата верзија преку Google Play Store / Apple Store.

Преземете од Google Play Store
Преземете од Apple App Store

Какви промени настанаа во Шпаркасе Банка Македонија?

Со присоединувањето на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје прерасна во поголема и помоќна банка, со актива од околу 1 милијарда евра, а со тоа таа се позиционира како четврта Банка по големина во Република Северна Македонија.

Како ќе изгледа новата интегрирана Шпаркасе Банка Македонија АД?

Во експозитурите на поранешната Охридска банка АД Скопје ќе забележите промена во логото и визуелниот идентитет на банката, согласно најновите стандарди за изглед на експозитура на Шпаркасе Групацијата.

Што оваа промена ќе значи за мене како клиент?

Присоединувањето на двете банки нема да има влијание на условите на производите и услугите кои се претходно договорени и кои моментално ги користите. Истовремено, како резултат на присоединувањето интеграцијата на Охридска банка АД Скопје и кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, квалитетот на производите и услугите кон сите наши клиенти и деловни партнери, значително ќе се подобри. Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје како поголема и помоќна банка ќе ви овозможи дополнителни предности со својата експертиза, искуство, стабилност и посветеност на исклучително високо едуцирани и искусни вработени во рамките на банкарска групација Штаермеркише Шпаркасе.

Дали е потребно да ја посетам мојата експозитура?

Нема потреба од посета на Вашата експозитура по овој повод, но секако сте добредојдени за сите потребни информации и понуди кои можат да Ви ги презентираат нашите вработени.

Што е со мојата матична експозитура и матичен референт, дали тие ќе останат исти?

На следниот линк погледнете ги локациите на сите експозитури на Шпаркасе Банка Македонија АД каде сте добредојдени за сите Ваши прашања и потреби.

Што ќе се случи со моите депозити? Дали ќе има промена на каматните стапки?

Договорените услови остануваат исти, со каматна стапка согласно важечкиот договор склучен со Банката.

Дали бројот на сметката останува ист?

Доколку сте постоечки клиент на Шпаркасе Банка Македонија нема промени во бројот на Вашата сметка.

Доколку сте клиент од Охридска банка АД Скопје бројот на Вашата сметка е променет. На следниот линк можете да го проверите новиот број на Вашата трансакциска сметка во Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Од денот на присоединувањето на двете банки сметките на клиентите на Охридска банка АД Скопје ќе бидат променети во нови и преку нив повеќе нема да можете да вршите плаќања и да добивате нови приливи. Од Ваша страна нема да биде потребен дополнителен ангажман, како на пример, пренос на средства од старата на новата сметка и сл. Единствена Ваша обврска е, за новиот број на сметка, навремено да го информирате својот работодавец, како и сите физички или правни лица и инстиутуции, со цел трансакциите и приливите кои ги очекувате непречено да се извршуваат. По спојувањето, ќе биде невозможно да се извршува уплата на старата сметка, со што целосно се оневозможуваат погрешни уплати на средства.

Што ќе се случи доколку се изврши уплата на старата денарска сметка во Охридска банка по присоединувањето на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје?

Од денот на присоединувањето на двете банки броевите на денарските сметки на клиентите на Охридска банка АД Скопје ќе бидат променети во нови и преку старите броеви на сметките повеќе нема да можете да вршите плаќања и да добивате нови приливи. Доколку се изврши било каква трансакција на сметка во Охридска банка по денот на присоединување на двете Банки, трансакцијата нема да биде извршена и средствата нема да бидат пренесени. Информацијата за промените на денарските сметки од Охридска банка се доставува по електронски пат до сите Банки што го потврдува фактот дека трансакции во корист на старите броеви на сметки од Охридска банка нема да може да се реализираат.

Што ќе се случи доколку имам сметки и во Охридска банка и во Шпаркасе Банка Македонија?

Броевите на денарските сметки од Охридска банка АД Скопје ќе се променат и ќе останат во прегледот на активни сметки во интегрираната Шпаркасе Банка Македонија АД, паралелно со Вашите постоечки сметки во Шпаркасе Банка.

Сметките и состојбите на денарските сметки нема да се спојуваат, единствено ќе се променат нивните броеви, односно сметките од двете Банки ќе останат активни. Пример: Доколку имате една сметка во Охридска Банка и една сметка во Шпаркасе Банка, по промената на бројот на сметката од Охридска банка вие ќе имате две активни сметки во интегрираната Шпаркасе Банка.

Од кога денарските и девизните сметки од Охридска банка АД Скопје нема да можат да се користат?

Денарските и девизните сметки на клиентите од Охридска банка АД Скопје од денот на присоединувањето 19.07.2021 г. повеќе не се во функција.

Прикажи повеќе..

Вредности

Извонредност

Се стремиме да бидеме извонредни во сите наши активности и постапки. Секојднвено вложуваме напори да бидеме подобри и да ги надминуваме очекувањата, континуирано се надоградуваме и усовршуваме, со цел да бидеме најдобриот избор за нашите клиенти.

Агилност

Со отоворен ум ги прифаќаме секојдневните предизвици. Делуваме проактивно и предлагаме решенија. Преку нашата иницијативност и креативност воспоставуваме нови стандарди на работењето.

Страст

Работиме со ентузијазам, посветеност и позитивен пристап. Страста кон работата нé мотивира во секој момент да бидеме најдобрата верзија до себе.

Доверба

Веруваме во нашата банка. Веруваме во нашиот тим. Довебата која ја градиме со нашите клиенти е клуч на нашиот успех.

Партнерство

Градиме стабилни и партнерски односи. Ги почитуваме различностите. Партнерски го трасираме патот на успехот.

ШПАРКАСЕ
ГРУПАЦИЈА

Steiermärkische Sparkasse Group најголем давател на финансиски услуги во јужниот дел на Австрија. Групата опслужува околу 800.000 клиенти на 254 локации во Штаерска, Австрија, и во Југоисточна Европа.

Штаермеркише Шпаркасе сега има стратешко банкарско учество во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и во Србија – ова е една од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот. Бројот на клиенти во регионот значително се зголеми во изминатите години и денес Штаермеркише Шпаркасе Групацијата опслужува околу 2,6 милиони клиенти во ЈИЕ. Групацијата е исто така многу добро позиционирана за поддршка на австриските и на интернационалните клиенти за спроведување на нивните активности во регионот, со градење сè повеќе „економски мостови“ помеѓу ЈИЕ и Австрија/Централна Европа.

Во Северна Македонија, „Steiermärkische Sparkasse“ е присутна од 2008 со својата локална банка подружница, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. Сè до целосното спојување кое е планирано за 2021 година, Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе банка Македонија АД Скопје ќе продолжат да дејствуваат како посебни правни ентитети, иако и двете банки ќе бидат дел од Шпаркасе групацијата.

По очекуваната интеграција, Банката ќе има актива од околу една милијарда евра и со тоа ќе стане четврта Банка по големина во Р. Северна Македонија.

Имајќи ја поддршката од големата финансиска групација, Шпаркасе Банка Македонија претставува доверлив партнер за своите клиенти во Р. Северна Македонија.

Повеќе информации за групацијата можете да прочитате на интернет-страницата: www.steiermaerkische.at

Пронајди ја најблиската
експозитура или АТМ