Факторинг за правни лица:
1
Брз пристап до финансиски средства.
2
Финансира тековна ликвидност.
3
Откуп на недоспеани побарувања.
4
Рок на фактури до 120 дена.
Факторинг е производ наменет за правни лица на банката, каде што банката фактор откупува недоспеани побарувања од клиентот (добавувач на стока и услуги) по дисконтирана вредност и го наплатува целиот износ преку побарување од купувачот (должникот) на датумот на доспевање на побарувањето (фактурата). Може да се откупуваат недоспеаните побарувања за продажба на стока и услуги меѓу правните лица во земјата (домашен факторинг). Целта на факторингот како производ е да се финансира тековната ликвидност на правните лица – клиенти на банката. Со продажба на побарувањата на нивните клиенти на банката, клиентите ќе ги добијат потребните парични средства што може да ги користат за плаќање обврски и купување обртни средства.
Наместо вашите средства да мируваат на трансакциската сметка, ви предлагаме начин паметно да располагате со нив, остварете дополнителен каматен приход со нивно орочување. Одберете рок што најмногу одговара согласно вашите можности и потреби. Достапни се следниве рокови на орочување: преку ноќ, на 7 дена, на 15 дена, на 1 месец, на 3 месеци, на 6 месеци, на 12 месеци, на 18 месеци, на 24 месеци, на 36 месеци.
За разлика од краткорочните кредити за чие одобрување банката ја анализира целосната кредитна способност на клиентот, во факторингот се зема предвид и се анализира квалитетот на побарувањата што банката би ги откупила – анализа на клиентот (добавувачот) и на должникот (купувачот).
Банката фактор на клиентот ќе одобрува факторинг лимит во одреден износ. Во рамките на одобрениот износ и рок на факторинг лимит, банката фактор ќе може да откупува фактури по поднесено поединечно писмено барање од клиентот, под услови предвидени со Договорот за факторинг лимит и доколку се исполнети потребните услови и критериуми утврдени со кредитната политика, процедурите и другите интерни акти на банката.
Факторинг со регрес (побарувањето се книжи на должникот и се побарува од должникот сè до доспевањето на фактурата. Доколку долгот не се подмири до рокот на доспевање на фактурата, тој се префрла на товар на клиентот и целиот долг се побарува од клиентот.)
- Првата рата се исплаќа како аванс во висина од ХХ% од вкупниот износ на ф-рата намален за дисконт и провизија
- Остатокот во форма на втора исплата (т.н. гарантен фонд) се исплаќа откако ќе се подмири долгот по фактурата
- По истекот на рокот за плаќање на ф-ра, банката, веднаш, врши пренос на изложеноста по основ на ф-рата на должникот на клиентот.
Факторинг без регрес (побарувањето се книжи на должникот и се побарува од должникот сè додека не се подмири долгот по фактура во целост.)
- Првата рата се исплаќа како аванс во висина од ХХ% од вкупниот износ на ф-рата намален за дисконт и провизија
- Остатокот во форма на втора исплата (т.н. гарантен фонд) се исплаќа откако ќе се подмири долгот по фактурата.