Потрошувачки кредити за енергетска ефикасност во рамки на проектот Western Balkans Green Economy Investments (GEFF) на ЕБОР.
GEFF во Македонија е дел од Програмата за финансирање на зелена економија во Западен Балкан со која Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбедува и поддржува инвестиции во зелена Економија.
Искористете ги поволностите со наменските ЕКО кредити за унапредување на енергетската ефикасност во Вашите домаќинства.
Успешно имплементирани и потврдени проекти се прифатливи за инвестициски грантови до 20% од инвестиционата вредност.
Основни карактеристики
Кои технологии се прифатливи за финансирање и можност за грант?
Селекторот на технологија е online каталог на енергетско ефикасни технологии со високи перформанси кои се веќе одобрени како прифатливи за финансирање од страна на GEFF. Вклучени се следните категории на технологии:
- Прозори, врати и застаклување
- Изолација
- Печки/котли на биомаса
- Котли на гас
- Соларни колектори за топла вода
- Фотоволтаични системи
- Топлински пумпи
- Осветлување
- Балансирана механичка вентилација
- Акумулациони бојлери за топла вода
Прифатливите проекти вклучуваат финансирање на технологии од Селекторот на технологија, како и трошоци за помошни материјали, достава и инсталација до дефинираниот максимален процент од трошоците за технологијата.
Каматна стапка
Фиксна
за првите три години
почнувајќи од 7,5%
Променлива
по истекот на фиксниот период
почнувајќи од 7,75% зависно од интерниот рејтинг на клиентот
Трошоци
Обезбедување за кредитот
До 600 000 МКД - без жиранти, со административна забрана од платата на корисникот на кредитот.
Над 600 000 МКД - солемнизација на Договорот за кредит на Нотар и административна забрана од платата на корисникот на кредит/жирант.
Дополнително задолжително обезбедување независно од износот од кредитот е полиса за животно/неживотно осигурување од ВИНЕР ЛАЈФ АД Скопје или Виена Иншуренс Груп АД Скопје.