Наменски кредит за млади со фиксна каматна стапка од 2,99% за целиот период на отплата
- Фиксна каматна стапка oд 2,99% за целиот период на отплата
- Максимален износ: 30.000 мкд - 500.000 мкд
- Максимален рок: 60м
- Административен трошок: 0 МКД
- МКБ: 450 МКД
- Трошок за апликација: 0 МКД
Основни карактеристики
Каматна стапка
Фиксна
Фиксна каматна стапка 2,99% за целиот период на отплата
За потрошувачки кредит во износ од 500.000 МКД и со рок на отплата од 60 месеци со фиксна каматна стапка од 2,99% за целиот период на отплата и вклучено кредитно животно осигурување, СВТ изнесува 3.15%.
Намена на кредитот
Средствата од кредитот ќе можат да се користат наменски по фактура/про-фактура за неколку цели, вклучувајќи:
- Полагање на возачки испит
- Одмор и патување
- Набавка на компјутерска и ИТ опрема
- Образование, дообразување и преквалификација за развој на вештини
- Work&Travel програми
- Апсолвентски екскурзии
Искористи го калкулаторот со цел да добиеш информативна пресметка на месечна рата за Vibe On наменски кредит за млади.
Често поставувани прашања за Vibe On наменскиот кредит
Корисник на кредитот (кредитобарател) може да биде полнолетно физичко лице кое треба да биде државјанин и да има постојано место на живеење на територијата на Република Северна Македонија, на возраст од 18 до 29 години и е во редовен работен однос.
Поволностите на овој кредит може да се искористат и од невработени лица на возраст од 18 до 29 години, во вакви случаи, предвидено е да може член на потесно семејство (родители, брат/ сестра, сопружник или партнер/ка), кој е во редовен работен однос, да аплицира за овој кредит. Во вакви случаи, (невработеното лице) ќе биде потребно да биде вклучен во кредитот како гарант – платец*, додека вработеното лице би било Корисник на кредитот.
Гарант платец е лице кое гарантира за кредитобарателот (корисникот) и се обврзува дека ќе го продолжи плаќањето доколку корисникот на кредитот од која било причина не ги намирува своите обврски. Гарант платецот има својство на солидарен должник и истиот се потпишува на договорот за кредит.
Каматната стапка на кредитот е фиксна 2,99% за целиот период на отплата.
Максималниот износ за кој може да се аплицира е 500.000 мкд
2-3 работни дена, (во зависност од кредитната историја и документацијата за лицата за кои се врши кредитната анализа можно е и подолго време)
Доколку кредитот е со кредитно животно осигурување, не е потребен жирант или дополнително обезбедување.
Доколку кредитот е без животно осигурување, потребен е еден жирант или солемнизација на договорот.
Да, може да се отплати предвремено и нема провизија за предвремената отплата
За апликација за кредитот потребно е да поседувате фактура / про фактура или друг документ со кој би се докажала намената за која ке се користи кредитот.
Барање за кредит, потврда за работен однос (за вработеното лице/лица) и доказ за намената за кредитот.
60 месеци
Кредитот е без трошоци за обработка и без административен трошок и е со атрактивна каматна стапка. Vibe On пакетот е засебен производ кој нуди поволности во делот на секојдневно банкарство.
Корисници на кредитот може да бидат и студенти , но со оглед дека најчесто студентите се невработени, предвидено е да може некој од нивните родители, кој е во редовен работен однос, да аплицира и да ги добие поволностите од кредитот. Во вакви случаи, студентот (детето) се јавува во улога на гарант – платец.
Корисници на кредитот може да бидат и студенти, но со оглед дека најчесто студентите се невработени, предвидено е да може некој од нивните родители, кој е во редовен работен однос, да аплицира и да ги добие поволностите од кредитот. Во вакви случаи, студентот (детето) се јавува во улога на гарант – платец.
Да, наменет за финансирање на:
- едукација/доедукација/преквалификација,
- за work&travel,
- за апсолвентска екскурзија,
- за летни/зимски/пролетни одмори,
- за купување на компјутер/софтвер/ др ИТ опрема,
- за полагање на возачки испит и
- останати намени согласно потребите на младите со соодветен доказ за плаќање. Како доказ за плаќање се приложува ф-ра или документ за плаќање по основ на кој наменки се реализира кредитот
Само со редовен работен однос
Да, кредитот би се одобрил на вкупниот износ од сите намени.
Само со редовен работен однос
Не е потребно родителите да бидат приматели на плата во Шпаркасе Банка за да аплицирате за Vibe On наменски кредит.
Не постојат опции за одлужување на ратите и потребно е редовно да се отплаќаат истите согласно амортизациониот план за кредитот.
Може, доколку апликантот е во редовен работен однос.
Можност за аплицирање за наменскиот кредит за млади, е доколку лицето е во редовен работен однос.
Кредитот е без трошоци, единствен трошок е трошокот за МКБ во еднократен износ од 450 денари (по лице).
Кредитот се отплаќа во еднакви месечни ануитети. Нема можност за избор.