Работи кои можат да се чуваат во сеф:
- Лични документи (извод од матична книга на родени, државјанство, дипломи, уверенија, документи за сопственост)
- Вредносни документи (договори, хартии од вредност, штедни книшки)
- Вредни предмети (накит, скапоцени камења, медали, ретки поштенски маркици, други видови на колекторски материјали, сувенири)
- Предмети од посебно значење во вашиот живот (незаменливи негативи, фотографии, слики и видеа кои се дел од вашиот домашен инвентар, а не можете да дозволите да бидат украдени или оштетени
За работа со вашиот сеф можете и да овластите некого од најблиските. Клучот е во ваши раце и можете веднаш да го користите сефот секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот во просториите на Шпаркасе Банка АД Скопје: Скопје Централа 2 на ул. Македонија бр. 34, во Експозитура Центар во Скопје на ул. Даме Груев бр. 7 и во Централа Охрид на ул. Македонски просветители бр. 19. Шпаркасе Банка АД Скопје ја гарантира тајноста на вашиот сеф.
Работно време на сефови
- Секој работен ден од Понеделник до Петок од 08:00 до 16:00 часот
Во сефот не може да се сместат:
- експлозивни материи
- запаливи материи
- загадувачки материи
- забранети материи
- киселини
- материи со лоша миризба
- материи кои по мислење на Банката можат да нанесат штета на издадениот сеф или воопшто на просторијата каде се наоѓаат сефовите