Junior achievement
Ги испирираме и едуцираме новите генерации
Шпаркасе Банка 4-та година по ред е дел од Junior Achievement Macedonia – програма за млади претприемачи, чија мисија е подобрување на квалитетот на образованието и поддршка на младите таленти во нивното понатамошно надоградување.
Шпаркасе Банка продолжува и понатаму да ги едуцира и инспирира младите и да биде нивен партнер за подобра иднина.
#ВерувајВоСебе
#ВерувајВоИднината
Vibe Оn Летна академија за млади
Шпаркасе Банка инвестира во младите и нивната иднина!
Шпаркасе Банка организираЛетна академија Vibe On за студенти, која претставува можност за стекнување нови знаења, запознавање со банкарско работење, со корпоративно и благајничко работење, како и дружење со вработените од Банката.
Летната академија на своите учесници им овозможува едукација во областа на банкарството, размена на искуства и знаења, личен и професионален развој, како и дружење и забава.
Уникатен и особено важен дел од Летната академија е што учесниците се дел од програмите за развој на банкарски производи и имаат можност со своите идеи и знаења да придонесат во креирање нови решенија.
#ВерувајВоИднината
#VibeOn

Финансиска едукација за студенти
Вложуваме во младите, во нивниот развој, и сме сигурен финансиски партнер на нивниот пат за финансиска слобода.
Како Банка што верува во иднината и верува во младите, посветени сме да ги обезбедиме најдобрите банкарски решенија за младите, со цел да им подадеме рака кон градење сигурна финансиска иднина. Веруваме во потенцијалот на младите генерации и токму за нив ја создадовме Платформата за млади Vibe On, која освен што вклучува бесплатни банкарски производи и низа поволности дизајнирани да ги пресретнат нивните потреби, во себе вклучува и проекти за финансиска едукација и поддршка во различни области што се дел од нивното секојдневие.
Climathon Skopje
Шпаркасе Банка со поддршка на првиот #Climathon во Скопје, организиран од CEED Hub Skopje, каде завземаа учество 11 тимови со околу педесет студенти и ученици, млади ентузијасти кои работеа на една заедничка цел, да создадат дигитални решенија за почист град.
Продолжуваме да поддржуваме проекти за заштита на животната средина и да се залагаме за одржливост како принцип на живеење. Се фокусираме на поддршката на младите и на дигитализацијата, бидејќи иднината на следните генерации зависи од нашите заложби денес, а ние веруваме во подобра иднина за сите.

Медо Штедо – едукативен караван во месецот на штедење
Шпаркасе Банка традиционално во месецот на штедење, организира низа едукативни активности за младите посветени на штедењето и финансиската едукација.
Посетуваме градинки и училишта низ многу градови и заедно со Медо Штедо и Медена ги учиме децата уште од рана возраст на финансиска одговорност, преку едукативни материјали, креативни боенки, меморија и сл.
Дел од нив младите имаат можност да ги посетат нашите експозитури и одблизу да се запознаат со банкарската професија каде учат повеќе за придобивките од штедењето
Заедно со нашите Медо Штедо и Медена, споделивме идеи и совети како полесно да заштедат и им ја претставивме важноста на финансиската одговорност и штедењето за обезбедување сигурна иднина.
Продолжуваме да работиме на подигнување на свеста за важноста на доброто финансиско управување и промовирање добри навики.
Шпаркасе Банка е дел од најсилната банкарска групација во Југоисточна Европа и бележи 200 години традиција токму во штедење.
#ИнвестирајВоДетскаИднина
Платформа за млади „Кариера без бариера“
Под платформата „Кариера без бариера“, Шпаркасе Банка продолжува континуирано да дава поддршка на студентите и младите во нивниот професионален кариерен развој преку едукација, пракса и можности за вработување.
Во рамките на платформата „Кариера без бариера“, Шпаркасе Банка ја организира и академијата за млади „Млад банкар“.
Програмата се состои од едукативен и компетитивен дел во кои учесниците имаат можност да следат предавања и обуки од стручни лица од областа, но и тимски да се натпреваруваат меѓусебно со сопствени проекти, развиени за времетраење на школата. Покрај банкарското работење, на Академијата учесниците имаат можност да се запознаат со корпоративната култура на Банката, како и да присуствуваат на предавања од банкари, професионалци во својата област. Дел од темите што се опфаќаат се: креирање CV, продажни техники и вештини, корпоративни комуникации, развој на производи, личен брендинг и сл.
Шпаркасе Банка ги поттикнува и охрабрува младите да веруваат во иднината и да ги искористат можностите што ги очекуваат.
Шпаркасе Банка продолжува да се залага за поддршка на младите луѓе и инвестира во нивната иднина, просперитет и финансиска стабилност.
Шпаркасе Банка верува во моќта на младите да обликуваат посветла иднина.
Банкарска Азбука
„Банкарската азбука“ е проект на Шпараксе Банка чија цел е појаснување и доближување до пошироката јавност на банкарските термини кои се употребуваат секојдневно при различни банкарски трансакции и услуги. ‘‘Банкарска азбука‘‘ е проект во рамките на нашата стратегија за корпоративно општествена одговорност во чија суштина е придонес кон заедницата во повеќе области, како што е впрочем и финансиската едукација.