Sparkasse Life Прв до врв
И оваа година се одржа најмасовната планинска трка во земјата и во регионот “Sparkasse Life Прв до врв” под покровителство Шпаркасе Банка со над 4000 учесници кои го обоија Водно во боите на Sparkasse Life
„Sparkasse Life Прв до врв“ навистина ги надмина сите очекувања, и постави нови стандарди кои ќе бидат дополнителна мотивација за наредната година.
Оваа спортско-планинска манифестација е гордост на Македонија и симбол на сила, борбеност, поддршка и позитивна енергија.
„Sparkasse Life Прв до врв“ е настан кој не сплотува и доказ дека врвот е достижен со меѓусебна мотивација, бодрење и ентузијазам.
Благодарност до сите што учествуваа, без разлика дали трчаа, возеа велосипед или пешачеа до целта. Вашата мотивација и одлучност создадоа магична атмосфера, правејќи го настанот незаборавен. Вашата енергија е доказ за нашата посветеност за здрави навики, здрав начин на живот и подигнување на свеста за подобра, поздрава и позелена иднина.
Продолжуваме да ги прифаќаме животните предизвици, да се поддржуваме едни со други, да инспирираме, да поместуваме граници и да веруваме во себе и во иднината!
Видео
Охрид Water Фестивал
Фестивалот на водени спортови Охрид е проект кој ги врзува водените спортови, охридското природно богатство и развојот на заедницата. Целта на фестивалот е да го издигне градот на ниво на светски најпосетуваните и најбараните дестинации и спортско-туристички активност наменети за љубителите на водата, водените спортови и добрата забава.
Шпаркасе Банка ја подржува иницијативата и стратешкиот фокус кон заштитата на езерото, спортовите на вода, клубовите и здруженијата поврзани со водата и посебно спортските работници кои се секојдневно посветени на езерото.
Џудо клуб „Дрим“ Струга
Поддршка за организацијата на Струга ОПЕН 2024
Банката продолжува да поддржува проекти и настани кои имаат за цел унапредување на спортот во Република Северна Македонија, како што е џудо турнирот “Струга Опен 2024” во организација на Здружението за развој и афирмација на џудо спортот Џудо клуб „Дрим“.
Љубителите на спортот ја препознаваат вредноста на овој настан кој годинава прерасна во настан од интерконтинентален карактер со над 600 учесници џудисти, меѓу кои и џудо клубови од Африка и Азија.
Заедно продолжуваме преку едукативни програми и поддршка на ваков тип на настани да ги градиме здравите навики од мали нозе.
Че трчаме Прилеп
Шпаркасе Банка се придружи на големото семејство на „Че трчаме“, Прилеп! Преку нашата платформа за општествена одговорност #SparkasseLife, интензивно се фокусираме на промоција на спортот и здравите животни навики.
Токму затоа, со задоволство ги поддржавме нашите колеги кои се придружија на овој возбудлив настан кој се одржа овој викенд во Прилеп. Честитки до нашиот тим како и до најмалите учесници.
Се радуваме на секој ваш успех, Шпаркасе Банка е секогаш тука за вас!
Од друга страна, како спонзор на „Че трчаме“, би сакале да упатиме искрени честитки на организаторите на овој настан, како и на сите учесници кои беа дел од оваа прекрасна иницијатива.
Со сплотеност и заеднички сили да го промовираме здравиот начин на живота, #ШпаркасеБанка продолжува да инвестира во спортот и во подобра иднина за сите!
Че трчаме Прилеп
Шпаркасе Банка се придружи на големото семејство на „Че трчаме“, Прилеп! Преку нашата платформа за општествена одговорност #SparkasseLife, интензивно се фокусираме на промоција на спортот и здравите животни навики.
Токму затоа, со задоволство ги поддржавме нашите колеги кои се придружија на овој возбудлив настан кој се одржа овој викенд во Прилеп. Честитки до нашиот тим како и до најмалите учесници.
Се радуваме на секој ваш успех, Шпаркасе Банка е секогаш тука за вас!
Од друга страна, како спонзор на „Че трчаме“, би сакале да упатиме искрени честитки на организаторите на овој настан, како и на сите учесници кои беа дел од оваа прекрасна иницијатива.
Со сплотеност и заеднички сили да го промовираме здравиот начин на живота, #ШпаркасеБанка продолжува да инвестира во спортот и во подобра иднина за сите!
Ракомет за секое дете
Шпаркасе Банка во рамки на платформата за општествена одговорност #SparkasseLife инвестира во младите спортски надежи на Македонија.
Во организација на „Ракомет за секое дете“ од 30.06-05.07.2024г. беше организиран ракометен камп за момчиња и девојчиња „40x20“ во Охрид, каде младите и идни спортисти ги усовршуваа своите ракометни техники.
Горди сме што ја поддржуваме следната генерација ракометни ѕвезди. Придружете ни се во негувањето на таленти, тимска работа и љубов кон спортот.
Заедно, градиме посветла иднина за нашите млади спортисти.
Шпаркасе Банка со поддрша за „Другарко“
Во месецот посветен на подигнување на свесноста за аутизам, Шпаркасе Банка го поддржа концептот на Денис Јанкуловски-Космонаутко и неговата прва сликовница „Другарко“ која е приказна од животот на едно аутистично дете и приказна која авторот силно посакува да се случи.
Оваа сликовница, на овогодинешното издание на „Саем на книга” од страна на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) ја освои престижната награда - Прво место за поттикнување општествена одговорност!
Горди сме што придонесовме за оваа прекрасна иницијатива и се радуваме на уште многу нови и успешни приказни во кои силно веруваме!
Силно веруваме во проектите кои се од општествено значење за заедницата и инвестираме во подобра иднина за сите.
Глас против насилство
Шпаркасе Банка со поддршка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство – ГЛАС ПРОТИВ НАСИЛСТВО Скопје.
Со цел отпочнување на општествено одговорна кампања против насилство врз жените во рамки на интервентниот женски фонд, Банката се вклучи во оваа иницијатива, демострирајќи ја посветеноста во борбата против родовото насилство и промовирање на безбедност и благосостојба на жените.