Охридско лето
Шпаркасе Банка традиционално е дел од најпрестижната културна манифестација Охридско лето.🎼
Горди сме што сме долгогодишни верни поддржувачи на оваа манифестација која е точка на спојување на различните културни струења во Европа, со реноме кое ја позиционира на петото место на европските културни случувања.
Гостите уживаа во моќниот настап на оперската дива Анџела Георгиу, која свечено го отвори настанот како и во секој момент од 40-дневната богата програма со настапи на светски познати имиња од класичната музика и театарската уметност.
Шпаркасе Банка во рамки на платформата #SparkasseLife продолжува активно да ја поддржува културата и уметноста.
Sp - art - club
Шпаркасе Банка во согласност со својата корпоративна стратегија за општествена одговорност во рамките на Sparkasse Life секогаш се стреми да ги промовира, да ги поддржува и да ги заштитува чуварите на нашата колективна имагинација и нивната непоколеблива верба, кои во иднина ќе ги издигнуваат уметничките стандарди во општеството и ќе ги обликуваат добрите навики на нашата заедница.
„Шп-Арт-Клуб“ е дел од платформата за општествена одговорност Sparkasse Lifе на Шпаркасе Банка АД Скопје, преку која се реализираат проекти за поддршка на развојот на уметноста и поттикнување на можностите и талентот на младите уметници во државата.
The Stars Symphony
Веруваме во културата и во вистинските трајни вредности!
Како компанија која работи и дише во ритамот на македонската култура и уметност и е посветен поддржувач на настани и проекти од исклучително значење, ни претставува особена чест и задоволство да ве известиме дека Шпаркасе Банка годинава е златен спонзор на манифестацијата The Stars Symphony, која ќе се одржи на 3-ти Јули, на Градскиот Стадион во Битола, со почеток од 21 часот.
Ние продолжуваме со нашата мисија за поддршка и промоција на сѐ она што е вредно од културата и уметноста, затоа што тие се темел за подобра иднина.
Виенски Бал
Мај. Месец кој го одбележуваат пролетта, цвеќињата и елегантниот Виенски Бал.
Традицијата продолжува, а Шпаркасе Банка во рамки на платформата за општествена одговорност #SparkasseLife и оваа година го поддржува Виенскиот Бал во Скопје, кој секоја година го доловува духот на светската престолнина на музиката во една единствена и незаборавна вечер.
Ни претставува огромно задоволство и чест да допринесеме кон реализацијата на овој софистициран настан, каде се сплотени љубовта кон класичната музика, уметноста, културата и хуманитарноста.
#ВерувајВоИднината
Jazz Factory Festival
Време е за џез и ноти кои обичната вечер ја претвораат во вистински вајб!
Шпаркасе Банка под платформата Sparkasse Life и оваа година е горд поддржувач на веќе добро познатиот Jazz Factory Festival во Битола кој ја слави модерната и прогресивната музика со фокус на локалните и регионалните уметници.
Златно Славејче
Шпаркасе Банка е спонзор на на „Златно славејче”, најстариот детски музички фестивал на Балканот, а втор во Европа! 🎼
Првото издание било организирано во 1971 година и се одржало во Драмскиот театар во Скопје. На првите концерти пеел Игор Џамбазов, а од Блаже Маротов бил испеан големиот хит „Ах тој крокодил“.
„Златно славејче“ е фестивал кој секоја година го следат илјадници посетители. Над педесет години „Златно славејче“ претставува неизмерна радост и гордост и токму затоа Шпаркасе Банка со големо задоволство го поддржува овој значаен културен настан за деца.
Продолжуваме да го поддржуваме детското музичко творештво и уметност. Нашата визија е развивање на талентите кај нашите најмлади граѓани.
#ВерувајВоИднината
Струмички карневал
Шпаркасе Банка во рамки на платформата #SparkasseLife традиционално и оваа година ја поддржа културната манифестација "Струмички карневал" со која се афирмираат културата, обичаите и долгата традиција.
Секое издание на Струмичкиот карневал е уникатно доживување, па така и оваа година ни понуди креативни маски и одлична забава.
Шпаркасе Банка продолжува со поветеноста за развој на културата, уметноста и традицијата во нашата држава кое е од суштинско значење за нашето општество. Преку поддршка, креативност и инвестиции во уметничките проекти и културните иницијативи, го збогатуваме и негуваме нашето културно наследство за идните генерации.