Одржлива и зелена економија

Нашата посветеност кон подобрување на општеството и креирање економски услови за достоинствен живот, е втемелена во основачките принципи на нашата Банка и во силното чувство на припадност кон заедницата. 

Со одговорност учествуваме во создавање на одржлива економска околина. Тоа се огледа преку:

  • Градење на заемна доверба со клиентите и воспоставување долгорочни партнерски односи 
  • Креираме иновативни и кредибилни продукти како релевантен одговор на потребите на клиентите
  • Водење одговорно банкарство – потписници сме на Принципите за одговорно банкарство на Обединетите нации 
  • Претприемништво – го негуваме претприемачкиот дух, насочени кон создавање економска околина богата со потенцијал и можности 
  • Посветени сме на заштита на животната средина и значително финансираме проекти кои овозможуваат енергетска трансформација во Македонија 

За Населението, креираме одржлива економија помагајќи им на граѓаните до дојдат до сопствен дом со користење на кредити кои ги штитат од променливост на каматните стапки и им овозможуваат полесно планирање. Ова е резултат на фиксната каматна стапка на станбените кредити која важи во првите 10 години на отплата. 

Веќе цела декада  финансираме проекти кои овозможуваат енергетски подобрувања во домови. 

Дополнително, градиме капацитети за реализација на социјални банкарски програми кои го поттикнуваат претприемништвото, овозможувајќи им на поединци и мали бизниси да го унапредат своето работење и рамноправно да учествуваат во економскиот живот.

Зелено портфолио

 

Шпаркасе банка Скопје активно финансира т.н. зелени проекти како што се креирање капацитети на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. Со повеќе од 100 милиони евра активно “зелено портфолио“, банката има повеќе од 30% учество на македонскиот пазар.

Согласно принципите на одговорно банкарство и политиката на Групата на која и припаѓа Шпаркасе банка Скопје, до 2026 година цел е 25% од корпоративното кредитно портфолио да биде “зелено“. 

Ветро-парк Богословец

 

Шпаркасе банка Скопје учествува во синдицираниот заем од 51 милиони евра за финансирање на првиот приватен ветро-парк Богословец. Новоизградениот парк на фотонапонски централи е со вкупен капацитет од 36 MW.

 EWPN SEE Conference Sarajevo 2024

 

Шпаркасе банка Скопје дел од EWPN SEE Conference Sarajevo 2024 – прва платформа за жени кои работат во банкарската и финансиската индустрија. 

Заменик претседателот на УП на Шпаркасе банка Скопје, Нина Неданоска, како учесник во панел-дискусијата “Иновациски цели во Банкарството / Fintech практики во Југоисточна Европа наспроти пазарите од Европска Унија“, истакна:

“Кога зборуваме за дигитализација, неопходно е да се спомене дека таа не се однесува само на процеси, работни алатки, производи и услуги. Пред се, таа се однесува на луѓето. Тие се клуечен фактор за да се движи напред, да се развие и подобри квалитетот на услугата и целокупното корисничко искуство. “

Macedonian association for renewable energy (MARES)

 

Шпаркасе банка Скопје со поддршка на Macedonian association for renewable energy (MARES) и учество на инаугуралната конференција на асоцијацијата. Со активно учество и поддршка на Асоцијацијата, Банката уште еднаш потврди дека обновливите извори на енергија се и ќе бидат во фокус на Шпаркасе банка Скопје. 

Во Шпаркасе банка Скопје дигитализацијата е еден од клучните приоритети. Постојано ја развиваме и подобруваме нашата мобилна апликација за да обезбедиме најдобро корисничко искуство и да ги задоволиме потребите на нашите клиенти. 

Градиме капацитети и вложуваме во иновации за да одговориме на потребите на новите клиенти, кои сè повеќе бараат дигитални производи и услуги. Во таа насока, овозможуваме средби и консултации на далечина, нудејќи им на нашите клиенти флексибилност и удобност во користењето на банкарските услуги. 

Наша цел е да бидеме лидер во дигиталната трансформација, постојано адаптирајќи се на технолошките промени и очекувањата на нашите корисници. 

MEF - 2024

 

Шпаркасе банка Скопје со поддршка на #MEF24 – врвен настан во енергетската индустрија, кој ги обединува иноваторите и водечки експерти на дебати за најновите случувања во обновливите извори на енергија, енергетска ефикасност и одржливи практики. 

#ШпаркасеБанка како лидер на пазарот во стимулирање на зелена економија, до сега, има поддржано околу 60 проекти во износ над 100 милиони евра.