Грижа за животната средина

Генералка викенд 

Во рамки на Sparkasse Life платформата за општествена одговорност, продолжуваме со активно вложувањe и инвестирање во заедницата во која делуваме, пронаоѓајќи различни начини и модели за поголема одржливост и градење зелена иднина. ♻️

Шпаркасе Банка втора година по ред е дел од најголемата еколошка акција во историјата на Македонија и Балканот „Генералка викенд“.🌳

Шпаркасе Банка, продолжува да ја покажува грижата кон животната средина и заедницата за подобро утре и позелена иднина за сите.

Продолжуваме со активно вложувањe и инвестирање во заедницата во која делуваме, пронаоѓајќи различни начини и модели за поголема одржливост и зелена иднина. ♻️

Веруваме во зелена иднина!

Зелен месец 

Под слоганот „Веруваме во зелена иднина“, а во рамките на платформата за општествена одговорност Sparkasse Life, во текот на април 2024, месецот посветен на планетата Земја, Шпаркасе Банка реализираше кампања со многубројни зелени активности како дел од својата широка зелена агенда.  

Кампањата ќе траше еден месец– „Green month“, а сите вработени имаа ЗЕЛЕНА цел – подигнување на свесноста за ефектите од еколошката мобилност користејќи го еколошкиот возен парк на Банката, кој се состои од велосипеди, електрични тротинети и електрични возила, или движејќи се пеш од и до работа, сè со цел активно намалување на CO2 отпечатокот и заштита на планетата Земја.

Во текот на зелениот месец, Банката продолжи со заложбите за трансформација на експозитурите опремени со еколошко одржливи материјали и почитувајќи ги највисоките стандарди за енергетска ефикасност, управување со ресурси и отпад, исфрлање од употреба на пластика на работното место, поставување корпи за рециклирање низ централите и експозитурите за остварување позитивни ефекти и подобрување на влијанието на Банката врз околината.

Верувај во зелена иднина!

ЕКО ВОЗЕН ПАРК

Како дел од зелената транзиција што е во тек, Шпаркасе Банка инвестира во службени електрично возило за потребите на своите вработени и истовремено постави полнач за електрични автомобили со 100% зелена енергија – еден во централата во Скопје и еден во централата во Охрид.

Електричнито возила припаѓаат на најновата генерација електрични автомобили со голема автономија и е CO2 неутрален, а  се користат од вработените при извршувањето на нивните дневни работни обврски.

Шпаркасе Банка ја демонстрира својата заложба за одржливост на долг рок и вложување во зелена иднина, со цел зачувување на природата и животната средина. 

Како дел од интерните политики на Банката, вработените се стимулираат да користат еколошки превоз, со цел редуцирање на емисијата на стакленички гасови во воздухот. 

Шпаркасе Банка го збогати својот еко-возен парк и со електрични тротинети, кои им се целосно на располагање на вработените и кои им помагаат да го избегнат градскиот метеж и непречено и навремено да пристигнат на своите состаноци.

Одговорноста кон средината е меѓу приоритетите на Шпаркасе Банка, која се стреми да даде максимална поддршка во насока на позитивни еко-промени!

#ВерувамеВоЗеленаИднина

 

Енергетски независни локации 

Инвестиравме во фотоволтаични централи на двете деловни згради во Скопје и во Охрид, а веќе две експозитури (Прилеп и Гевгелија) се целосно енергетски независни.

Во Шпаркасе Банка, посветени сме на одржливост преку нашиот нов процес на селекција на отпад. Воведовме корпи со кодирани бои за ефикасна сегрегација на отпадот, соработувавме со локални компании за рециклирање и ги обучивме нашите вработени за одговорно управување со отпадот. Ние, исто така, ја ангажираме заедницата со работилници и кампањи за промовирање на рециклирање и еколошки практики. Придружете ни се во создавањето почиста, позелена иднина со одговорно отстранување на отпадот и прифаќање одржливи навики. Заедно, можеме да направиме разлика.

#ВерувамеВоЗеленаИднина