Visa Business Debit Card е меѓународно прифатена деловна картичка, за сите видови правни лица - самостојни вршители на дејност, професии и здруженија, со што претставува сигурна финансиска поддршка во секоја деловна ситуација. Сите трансакции веднаш ја оптоваруваат трансакциската сметка на клиентот. Картичката е наменета за плаќање стоки и услуги на продажните места и за подигнување готовина во земјата и во странство на сите места што прифаќаат Visa картички. Картичката гласи на име и е непренослива.