Со отворањето на мултивалутна девизна сметка во „Шпаркасе Банка АД Скопје" ви нудиме можност за брзи и едноставни плаќања со вашите меѓународни партнери.
Плаќањата во странство можете да ги извршувате преку NetBanking апликацијата или преку е-маил, како и во сите експозитури на „Шпаркасе Банка АД Скопје".
Освен плаќањата, ќе можете да извршувате продажба на девизи и да добивате информации за состојбата на вашата девизна сметка. Меѓународниот платен промет се извршува преку SWIFT-системот, при што банката води посебна грижа за сигурно и ажурно процесирање.