Ако природата на дејствување на вашиот бизнис има чести потреби од користење повеќе видови краткорочни производи, како што се кредити, денарски и/или девизни гаранции, акредитиви и слично, тогаш краткорочниот лимит за кредитирање претставува најсоодветно, брзо и ефикасно решение за вашите потреби.
Краткорочниот лимит за кредитирање ви овозможува за најкраток временски рок користење на претходно дефинирани / договорени производи, одобрени во рамките на краткорочниот кредитен лимит – доволно ќе биде само да поднесете барање до вашиот финансиски претставник во Банката.