Каматен Swap (Interest Rate Swap - IRS)
Каматниот Swap претставува производ со кој купувачот ја заменува променливата (фиксната) каматна стапка за фиксна (променлива) во временски период подолг од една година. Најчесто се договара на износ на главница (која е фиксна и непроменлива и служи како база за пресметка) за која банката на клиентот (купувачот на каматниот Swap) во одреден временски интервал му исплаќа променлива (фиксна) камата, а клиентот на банката и исплаќа исто така периодично фиксна (променлива) камата.
На овој начин, клиентот може синтетички да го претвори задолжувањето со променлива каматна стапка (на пр. 3М Еурибор + маржа) во фиксна каматна стапка (IRS фиксна каматна стапка + маржа). Производот може да се приспособи на начин во целост да одговара на кредитот, задолжувањето на клиентот (амортизација, интервали на пресметка и друго)