Депозитарна банка

„Шпаркасе Банка АД Скопје" ја извршува функцијата на банка чувар на имот на пензиски фондови и депозитарна банка за инвестициски фондови.  

Видови услуги на депозитарна банка

Видовите услуги што им се нудат на домашните пензиски и инвестициски фондови преку Служба за депозитарна банка се следните:

  • чување на имотот на пензиските и на инвестициските фондови;
  • порамнување на трансакциите поврзани со инвестирањето на средствата на фондовите во земјата и во странство, во согласност со инструкциите на клиентот;
  • проверка на пресметаната нето-вредност на имотот на фондовите;
  • известување за корпоративни настани, собранија на акционери и застапување на тие собранија, како и известување за правата од хартиите од вредност и извршување на налозите поврзани со корпоративните настани;
  • наплата на приходи од хартиите од вредност, како и известувања за исплатени дивиденди, камати или доспевања на други побарувања од хартиите од вредност;
  • известувања во согласност со законската регулатива;
  • други услуги во согласност со барањата на клиентите.

Контакти

tel.: +389 (0)2 3200 615, 3167 177
e-mail:MLDepositarysMAK@sparkasse.mk