Осигурување во случај на неможност за враќање на кредит со еднократна премија
Шпаркасе Банка АД Скопје во соработка со Акционерско друшто за осигурување и реосигурување Македонија Скопје – Виена Иншуренс Груп го нуди продуктот (creditor protect insurance) наменет за сите потрошувачки кредити. Овој продукт претставува неживотно осигурување на ризик во случај на неможност за враќање на кредит, за потрошувачките кредити до 600.000 МКД (10.000 ЕУР) .
Осигурување од неможност за враќање на кредит со еднократна премија е наменет за сите кредитобаратели/ко-кредитобаратели на Шпаркасе Банка кои аплицираат за нов кредити/или имаат постоечки кредит во Шпаркасе Банка АД Скопје и истите се вработени во приватни компании на неопределено работно време
ОПИС:
Осигурувањето во случај на неможност за враќање на кредит, e современ начин за обезбедување дополнителна финансиска стабилност и сигурност за нас и нашите најблиски, при настанување на некоја од следните непосакувани ситуации:
- Смрт поради несреќен случај (незгода)
- Траен инвалидитет поради несреќен случај (незгода), кој надминува 50%
- Привремена спреченост за работа поради болести (боледување) или несреќен случај (незгода)
- Престанок на работен однос поради добиен отказ од страна на работодавецот (невработеност)
Ова осигурување овозможува избегнување на негативни финансиски последици, кога сме соочени со намалена или изгубена кредитоспособност за покривање на обврските по кредитот.
Оваа полиса овозможува преземање на обврските за покривање на кредитот од страна на осигурителната компанија кон банката, при настапување на следните осигурени случаи:
- Покривање на целиот износ на преостанатото салдо на кредит во случај на настапување на смрт
- Покривање на максимален износ до 6 месечни рати по ризик, во случај на настапување на траен инвалидитет, боледување или невработеност
ПРЕДНОСТИ:
Алтернативна опција при несакани настани, кои што можат да предизвикаат нарушување на тековната ликвидност на кредитокорисникот и можност да се делува превентивно и да се избегне активација на примарното обезбедување на кредитот, односно префрлување на кредитот во лоша категорија.
Проширено покритие во однос на класичното животно осигурување во случај на неможност за враќање на кредит, за дополнителни 3 ризици освен ризикот од смрт.
Поврат на дел од веќе платената премија (про рата), пресметана за иницијално одобрениот рок на времетраење на кредитот, во случај на целосна предвремена отплата на кредитот.
Едноставен и брз процес на склучување на полисата во експозитурата на банката, без никаква потреба од дополнителна процедура и администрација.