Драги студенти, ни претставува особена чест и задоволство да Ве информираме дека Шпаркасе Банка ќе биде вашиот партнер и поддршка во процесот на имплементација на Законот за студентски оброк во согласност со не финансискиот Договор склучен со Министерството за образование и наука.

Овој продукт ќе обезбеди наменско користење на доделените средства , за купување приготвена храна и прехранбени производи, а студентите ќе може да ја користат од понеделник до сабота (исклучувајќи државни празници), кај правни лица што произведуваат, подготвуваат или продаваат храна и прехранбени производи. Секој студент кој го остварил правото на субвенциониран оброк на својата студентска картичка добива максимум достапен износ во седмицата 840 денари. Износот кој ќе биде ставен на располагање на студентот на почетокот од тековната седмица и ќе му биде достапен за користење до крајот на седмицата заклучно со ден сабота, ќе биде во висина од 140 мкд помножен со број на работни денови во тековната седмица почнувајќи од понеделник до сабота (максимум достапен износ во седмицата 6 х 140 мкд = 840 мкд), освен во периодот од 01 Јули до 01 Октомври, за време на државни празници и неработни денови. Наменската картичка ќе биде единствено средство преку кое студентите ќе можат да користат субвенциониран студентски оброк, поради што е важно секој студент да ја подигне навремено. 

Сите студенти кои се пријавиле или сакаат да се пријават на повикот, немаат обрска предвремено да отвораат сметка во Шпаркасе Банка. По завршување на повикот, Банката ќе контактира со селектираните студенти, на податоците за контакт (мобилен телефон / мејл-адреса) кои за оваа намена ќе бидат споделени на онлајн платформата на Министерството за образование и наука, со цел да добијат конкретни насоки околу понатамошните активности. 

Надоместоци за денарска сметка, платежна картичка и Vibe on пакет

Отворање на сметка

без надомест

Одржување на сметка и пакет Vibe on

без надоместок *По навршување на 25 години и/или губење на статусот студент, бестплатниот пакет за млади автоматски преминува во редовен S-пакет, дел од тековната понуда на банката.

Начин на пријавување:

1.Аплицирајте на страницата на МОН

Пријавете се електронски на следниот линк: https://e-uslugi.mon.gov.mk/

МОН ќе го извести секој кандидат за статусот на пријавата

2.Инфо од Шпаркасе Банка Ажурирај се

Банката ќе контактира со селектираните студенти да ги Ажурираат своите податоци на онлајн платформата https://netbanking.mk/portal/studentportal/

3. Подигнете ја новата Виза картичка

Секој студент ќе добие навремена информација на СМС за местото и за времето на подигнување на сопствената картичка.

4.Активација на картичката

Картичката немате обрска да ја активирате, ќе биде активна најдоцна следниот ден по потпишување на документацијата односно врачувањето на картичките. Картичката можете да ја користите со впишување на ПИН-от кој предходно го добивте по СМС.

Погледнете го упатството за добивање на ПИН по СМС и упатството за најава на S-Banka

УПАТСТВО за ПИН по СМС и АКТИВИРАЊЕ КАРТИЧКА

Шпаркасе Банка со ПРОДОЛЖЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ наменето исклучиво за подигнување на картичките за субвенциониран студентски оброк

ПРЕЗЕМИ

Често поставувани прашања - субвенциониран студенски оброк

Дознајте повеќе за Vibe on бесплатниот пакет:

Vibe on пакетот вклучува:

  • платежна сметка
  • платежна картичка
  • S-banka мобилно банкарство

Пакет услуги кои се приспособени и го следат чекорот на студентите. Плаќате во движење, ја следите состојбата на вашата сметка и подигнувате средства од АТМ без провизија на сите АТМ-и на ниво во Групација каде и да сте.