Mastercard Debit Standard

Плаќајте едноставно и сигурно насекаде.

Mastercard Gold Debit бесконтактната картичка за секојдневни потреби со поголема финансиска флексибилност, комодитет, престиж и привилегии во користењето во земјава и странство.

Со Mastercard Gold Debit бесконтактната картичка средствата ви се достапни 24 часа на ден без разлика каде сте во моментот. Дополнително, користењето на оваа картичка е многу поедноставно од чекањето ред и подигнувањето готовина од благајна, а контролата на вашите месечни трошења ја остварувате преку електронско банкарство.

Повлекување готовина во Македонија и секаде каде што е застапена Групацијата

  • повлекување готовина без провизија на банкоматите на „Шпаркасе Банка".
  • повлекување готовина без провизија на банкоматите на банките членки на Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата во следните земји: Erste Bank and Sparkassen (Австрија), Ceska Sporitelna (Чешка), Slovenska Sporitelna (Словачка), Erste Bank Hungary incl. Postabank (Унгарија), Erste & Steiermarkische Bank dd (Хрватска), Erste Bank Serbia (Србија), Erste Bank AD Podgorica (Црна Гора), Banka Sparkasse dd (Словенија), Sparkasse Bank dd (Босна и Херцеговина), Banka Comerciala Romana (Романија).
  • повлекување средства со провизија насекаде низ светот на банкоматите со ознака Mastercard.

Како да аплицирам?

Дебитната платежна картичка Mastercard се издава единствено доколку имате платежна сметка во Банката, односно потребно е да сте постоечки клиент на Банката. Отворањето на платежна сметка е едноставно, можете да го направите во најблиската експозитура на Банката преку склучување договор за платежна сметка.

Изработената платежна картичка и PIN можете да ги подогнете од експозитурата во која сте аплицирале во рок од 5-7 работни дена од моментот на аплицирање. При подигнувањето, неопходно е да ја активирате платежната картичка во експозитурата. По извршената активација, можете да ја користите платежната картичка.

Доколку сте постоечки клиент, имате можност да аплицирате за дебитна картичка преку онлајн-апликацијата.

Бесконтактно плаќање

Бесконтактната картичка поседува технички карактеристики како и постојните картички (магнетна лента и чип) и има дополнителен конектор во вид на вградена антена преку која се остварува контактот со ПОС-терминалот.

Технологијата што ја користат бесконтактните картички е со највисоко ниво на безбедност. Податоците што се разменуваат при вршењето на трансакцијата се енкриптирани, а картичката останува во рацете на клиентот притоа намалувајќи го ризикот од губење, измама или фалсификување.

Бесконтактниот начин на плаќање е глобално прифатен кај секаков тип трговци, односно секаде каде што го има универзалниот симбол за бесконтактни плаќања.

Дознајте повеќе за платежни картички:

СМС известување

Добивајте СМС пораки за сите промени на Вашата трансакциска сметка и платежна картичка.

Аплицирајте за платежна сметка онлајн

 

Одберете платежна сметка согласно вашите потреби.

 

Договорете состанок со референт во експозитура

 

Сами предложете термин и експозитура кои најмногу ви одговараат. 

 

Ви требаат повеќе информации?

 

Доколку ви се потребни дополнителни податоци во врска со производите и услугите на Банката.