Девизна сметка

За уплати и исплати во странска валута, приливи и плаќања во странство.

Можности на девизната платежна сметка

  • девизна сметка може да отворат физички лица - резиденти и нерезиденти;
  • управување со расположливите средства во странски валути достапни на курсната листа;
  • реализирање финансиски трансакции во странска валута;
  • следење на состојбата на сметката преку електронско и мобилно банкарство.

Општи правила и услови за платежна сметка и платежни услуги за физички лица со важност од 09.03.2024 година

Термински план за платен промет со странство

Потребна документација за отворање девизна платежна сметка

1


Важечки документ за идентификација на клиентот (за резиденти - лична карта и/или пасош, за нерезиденти - странски пасош).

2


Уредно пополнета апликација за регистрирање клиент - физичко лице.

3


Резиденти се физички лица со постојано место на живеење во Република Македонија или пак лица што привремено престојуваат во Република Македонија врз основа на важечка дозвола за престој, односно работна виза во траење не пократко од 6 месеци.

Нерезидент претставува физичко лице со постојано живеалиште во странство или правно лице регистрирано во странство..

Девизни плаќања во рамките на Шпаркасе и Ерсте Групацијата

Вршете девизни плаќања со унифицирана и конкурентна тарифа од 310 МКД за мали износи до 500 еур за физички лица кои би се спроведувале како брзи трансфери со валута Д+0 во рамките на FIT Payment и Intra Group Payments платформите. Fast Intragroup Transfers (FIT Payments) се девизни трансфери од и кон Групацијата исклучиво во валута ЕУР со D+0 процесирање и опција SHA. Intra Group Payments се девизни трансфери кон Групацијата во сите валути вклучувајќи и ЕУР со D+1 и D+2 процесирање и опција OUR. Притоа, висината на провизијата за Intra Group Payments е идентична како за дознаки надвор од Групација со опцијата SHA.

 

Аплицирајте за платежна сметка онлајн

 

Одберете платежна сметка согласно вашите потреби.

 

Договорете состанок со референт во експозитура

 

Сами предложете термин и експозитура кои најмногу ви одговараат. 

 

Ви требаат повеќе информации?

 

Доколку ви се потребни дополнителни податоци во врска со производите и услугите на Банката.