Вселенско штедење за малите истражувачи на желби.
Денарот повеќе вреди додека се штеди. Тоа го знае и Медо Штедо, кој ве повикува во авантурата на штедење, која може да ја започнете само со МКД 3 000, со можност за дополнителни уплати. Ниту вселената не е граница, кога се во прашање вашите желби.
Медо Штедо се упати во авантурата на вселенското штедење. Ѕвездите, кометите и другите небесни тела не се пречка, туку предизвик.
Основни карактеристики
Орочен депозит со фиксна каматна стапка за целото времетраење на орочувањето.
Изберете штедење што најмногу одговара на вашите можности!
За повеќе информации, контактирајте нè преку следниве опции:
- е-маил на contact@sparkasse.mk
- Јавете се на 02/15050 достапен во секое време,
“Детски депозит Плус во МКД “ на 25 и 36 месеци.
Депонентите кои ќе отворат детски депозит во денари добиваат:
- 4,0% фиксна каматна стапка за денарско штедење на 25 месеци,
- 4,1% фиксна каматна стапка за денарско штедење на 36 месеци,
“Детски депозит Плус во ЕУР “ на 25 и 36 месеци.
Депонентите кои ќе отворат детски депозит во евра добиваат:
- 3,0% фиксна каматна стапка за штедење на 25 месеци,
- 3,1% фиксна каматна стапка за штедење на 36 месеци.
Зошто да одберете Детски депозит Плус?
- Промотивна понуда со атрактивни каматни стапки
- Фиксна каматна стапка за целиот период на орочување
- Минимален износ на почетен влог од 3.000 МКД за Детски депозит Плус во МКД
- Минимален износ на почетен влог од 50 ЕУР за Детски депозит Плус во ЕУР
Документација за детско штедење МЕДО ШТЕДО
Документ за идентификација од двајцата родители/законски застапници (копија).
Изјава од родителите/законски застапници.
Правосилно решение од Центарот за социјални работи за назначување на старател на малолетно дете (опционално).