Историја

Доверлив партнер од 1825 година

Почетокот на 19 век беше обележан со политички, економски и социјални пресврти. Европа беше реорганизирана и населението се втурна во предизвикувачки времиња. Потребата за сигурност и стабилност беше посилна од кога било. Покрај политиката и бизнисот, од институциите од финансискиот сектор се бараше да ја исполнат оваа желба за стабилност.

На почетокот од 1825 година, беше основана Штаермеркише Шпаркасе, како сигурен партнер кој ја зацврстуваше безбедноста и стабилноста со нејзината идеја за основање. Во време кога имаше економски проблеми и државните социјални придобивки беа практично непознати, на луѓето им беше дадена можност да ги инвестираат своите заштеди безбедно и да ги зголемуваат преку камата како интерес од вложувањето. Со својата посветеност кон општеството, Штаермеркише Шпаркасе покажа пред околу 200 години дека верува во луѓето во својата земја.

Нашата историја во кратки црти

На 15 мај 1825 година беше отворена првата филијала на „Steyermärkische Spar-Casse“ на Шмигегас 9, во Грац. Основачот беше личен претставник на императорот во Штаерска, Франц де Паула Граф Хартиг, Грофот од Хартиг, кој не беше само основач, туку и првиот клиент. Тој му предаде сума на 100 златници на Благајната. Тој сакаше да ги вложи парите со идеја да направи нешто добро за неговите сограѓани. Да имаат корист не само сиромашните, туку и добрите студенти во Грац.

 

  

За разлика од денес, кога Штаермеркише Шпаркасе нуди сеопфатен спектар на регионални и дигитални услуги, во првите 100 години од своето постоење и беше дозволено да работи само со прифаќање на депозити и доделување на хипотекарни кредити. Со векови, се додавале нови услуги и Штаермеркише Шпаркасе стана модерна банкарска институција која секогаш ги става луѓето во центарот на своите активности.

Во 1967 година беше донесена одлука за изградба на нова зграда на штедилницата - денешното седиште на Andreas-Hofer-Platz и Sparkassenplatz. Следеа бројни нови филијали на нови локации - 20 регионални штедилници во Штаерска во периодот од 1965 до 2010 година.

 

Со воведувањето банкарство во јавно ограничена компанија (АГ) во 1991 година, Штаермеркише Шпаркасе се прилагоди на меѓународните стандарди.

Следната година, двeтe независно оперативни институции Steiermärkische Bank и Steiermärkische Sparkasse беа споени во една институција: денешната банка Steiermärkische Bank and Sparkassen AG.

Во 2000 година беше забележан огромен раст: Штаермеркише Шпаркасе ги презеде филијалите на Ерсте банка Австрија во Штаерска. За возврат, Erste Bank Österreich доби 25% и една од акциите на Штаермеркише Шпаркасе.

Новите можности за проширување во Југоистокот

Во средината на 1990-тите, Штаермеркише Шпаркасе ги искористи можностите кои што се појавија како резултат на политичките промени во Европа со цел да се прошират во Западен Балкан. Затоа, соседите во југоистокот не само што станаа омилена дестинација за одмор на Австријците, туку и посакувана финансиска инвестиција за Штаермеркише Шпаркасе од 1997 година. Аквизициите на хрватските банки доведоа до основање на Erste und Steiermärkische Bank dd, третата најголема банка во Хрватска. Понатамошна експанзија наскоро следуваше во Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Северна Македонија. Економската размена со јужните соседи значително се засили во последните години. Земјите на проширениот домашен пазар сега се важни партнери за Штаермеркише Шпаркасе.

Нашата иднина

На почетокот на 70-тите години, Штаермеркише Шпаркасе ги презеде првите привремени чекори во ерата на ИТ технологиите со отворањето на првиот дата центар.

Денес, дигитализацијата е постојана и ги менува скоро сите области на животот и работењето. Штаермеркише Шпаркасе ја користи дигитализацијата на банкарскиот бизнис за дополнително да ја прошири својата пионерска улога и да биде сигурен финансиски партнер во сите области на животот дури и надвор од филијалите. „George“, најмодерното интернет банкарство во Австрија или „Telebanking Pro“, современото финансиско решение за компаниите, се јасни показатели за тоа. Но, не би била Штаермеркише Шпаркасе ако не размислуваше за утрешнината: најстарата и најголема кредитна институција во Штаерска, која продолжува да инвестира во развојот на нови дигитални услуги со цел да донесе малку од иднината во секојдневниот живот на клиентите. Во 2019 година Apple Pay® влезе во Штаермеркише Шпаркасе.

Преку комбинацијата на најновите дигитални понуди и широката мрежа на советници во регионите, Штаермеркише Шпаркасе постои според нејзиното мото дека е сигурен партнер на луѓето - без разлика дали во персонална или дигитална форма.