Шпаркасе Банка создаде специјална понуда Те честиме за прва плата, наменета за младите на возраст од 18 до 25 години. Оваа понуда е достапна за сите нови или постоечки клиенти кои во периодот од 02.12.2024 до 30.06.2025, или до искористување на средствата предвидени за кампањата, ќе ја префрлат својата плата во Шпаркасе Банка и ќе активираат Vibe On пакет за млади со Visa картичка. Секој што ќе ги исполни овие услови ќе добие БОНУС од 6.000 МКД. Не ја пропуштајте оваа единствена можност – приклучете се на Шпаркасе Банка и започнете го вашиот финансиски пат со дополнителен БОНУС!
Квалификувани за учество во кампањата се сите млади на возраст од 18-25 години кои ќе ги исполнат следните услови:
- ќе префрлат односно примаат плата во Банката;
- ќе примаат две плати два последователни месеци во Шпаркасе Банка;
- ќе станат корисници на Vibe On пакет за млади со Visa картичка;
- во претходните 6 месеци немаат примено плата во Банката (услов за постоечки клиенти).
Кој може да се квалификува за 6000 МКД БОНУС:
- Секое лице кое при прво вработување ќе ја прими платата на платежна сметка во Шпаркасе Банка, два последователни месеци, ќе биде корисник на Vibe On пакет за млади со Visa картичка;
- Секое лице претходно вработено, кое ќе ја префрли платата на платежна сметка во Шпаркасе Банка, два последователни месеци, ќе биде корисник на Vibe On пакет за млади со Visa картичка.
Бонусот од 6.000 МКД ќе биде исплатен на сите клиенти кои ќе започнат да ја примаат својата плата преку Шпаркасе Банка, по преносот на втората последователна плата, најдоцна до 30.06.2025 или до целосно искористување на средствата предвидени за кампањата. Како дел од оваа понуда, Банката автоматски го пресметува и исплаќа персоналниот данок на приход од името на клиентот, заедно со бонусот.
Бонусот од 6.000 МКД ќе биде исплатен на клиентите кои се квалификувани за добивање на БОНУС најдоцна 60 дена од исполнување на условите.
За повеќе информации, контактирајте нè преку следниве опции:
- Е-маил на contact@sparkasse.mk
- Јавете се на 02/15050 достапен во секое време